Синагогата во Њујорк ги отвори своите врати за муслиманите за петочната молитва

Date:

Share post:

Синагогата во американскиот град Њујорк ги отвори своите врати за муслиманите за клањање на петочната молитва, јавува Anadolu Agency (AA).

Синагогата, која се наоѓа на 55. авенија на Менхетен, ги отвори своите врати за петочната молитва за муслиманите од џамијата која се наоѓа на истата улица.

Претставниците на оваа синагога истакнаа дека нивните врати ги отвориле со цел да ја споделат болката на муслиманите по терористичките напади врз двете џамии во Нов Зеланд.

„Ние сме соседи, пријатели, и ја споделуваме вашата болка“, рекоа тие.

Еврејка, која носеше марама и стоеше пред синагогата за време на петочната молитва, во своите раце носеше табла со натпис „Вашите еврејски соседи се со вас“.

Муслиманите и евреите во синагогата се ракуваа и упатија порака за единство.

/А.А

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img