Шефот на руската црква во Софија инкогнито во посета на МПЦ-ОА – Зошто?

Date:

Share post:

Шефот на руското црковно подворје од Софија, Архимандритот Васијан Змеев, вчера ненајавено бил во Македонија на средба во Архиепископијата во Скопје, дознава Религија.мк.

Заедно со него во придружба бил и дипломат од руската амбасада во Скопје.

Информациите на Религија.мк, велат дека Васијан бил на средба со Архиепископот г.г. Стефан и со уште еден владика од Синодот на МПЦ-ОА. Кои биле теми на разговор нема детали. Иако вообичаено Подворјето на Руската црква информираше за досегашните посети во Македонија, досега вест за оваа информација не сподели.

Васијан во посета на Македонија беше на почетокот од месец мај, служеше литургија во Соборниот Храм во Скопје, но суштинската причина за посетата беше молебенот за руските војници што го служеше во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези, за што самиот извести.

Неофицијално, неговите посети во Македонија изминатава година се чести, и многу повеќе од што јавноста е запознаена. Во тој контекст, црковни извори велат дека е чудно што вчерашната негова инкогнито посета и средба со Архиепископот доаѓа само два дена откако г.г. Стефан испрати писмо за именденот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, во кое посочува дека МПЦ-ОА трпеливо го очекува Томосот за автокефалност од Вселенската Патријаршија.

Истите извори велат дека МПЦ-ОА, особено Архиепископот г.г  Стефан, кој во оваа една година се уште успева да води мудра дипломатска политика и со Москва и со Фанар, водејќи се по канонските правила, во моментов се наоѓа под сериозен притисок од Руската црква да се откаже од барањето Томос за вистинска автокефалност.

Истите извори велат дека и оваа посета на Васијан Змеев е во таа насока.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...