Почетна Вести Регион Се разгорува битката за нов бугарски Патријарх – Пловдискиот Николај се повлече?
Се разгорува битката за нов бугарски Патријарх – Пловдискиот Николај се повлече?

Се разгорува битката за нов бугарски Патријарх – Пловдискиот Николај се повлече?

556
0

Само ден по погребот на патријархот Неофит во бугарската јасвност се разгоре битката за негов наследник. МНогу шпекулации, многу имиња, разни коментари за влијанија се дел од темите во општата медиумска јавниост. Поради таков контекст на состијбите, Пловдискиот митрополит Николај објави дека јавно се повлекува од учеството во изборот на нов бугарски Патријарх.

Во обраќање преку интернет страницата на Пловдиската митрополија, Николај обвинува за заговор против него, слично како што имало и при изборот на патријарх во 2013 година.

Не можам да дозволам нападите кон мене, кои систематски и методдолошки се поттикнуваа во текот на сите години на моето служење, денес да станат причина за повреда на достоинството на Црквата, и особено да фрли сенка на сомнеж врз нејзината независност и слободниот избор на претпоставените. Затоа, објавувам и изјавувам дека не сакам и нема да прифатам да бидам вклучен како кандидат за патријаршискиот трон во постапките што Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија треба да ги спроведе согласно својот Устав. Ова прво ви го соопштувам, бидејќи ќе ги информирам и моите колеги – членовите на Светиот синод – за оваа моја непоколеблива намера, соопшти владиката Николај.

Кога бродот, во кој тапувал протокот Јоана, бил зафатен од бура, тој се обратил кон сопатниците и им рекол: Земете ме мене и фрлете ме во морето – и морето ќе се стиши за вас, затоа што знам дека заради мене ве достигна оваа бура. Тоа го казжувам сега и јас. Ако аради мене е пратена бурата, се надевам дека по оваа моја изјава, таа ќе се стиши. Ако пак, навредите и клеветите продолжат и не да Боже се насочат кон други мои собраќа, митрополити, тогаш ќе биде јасно едно нешто, во кое јас сум длабоко убеден, а имено дека целта не е да биде понижен и дескридитиран еден, или друг, архиереј, целта е да биде понижена и дескридитирана самата Бугарска Православна Црква, вели владиката Николај.

На неговата изјава за повлекување реагираше, црковниот аналитичар, одличен познавач на состојбите, Горан Благоев, прашувајќи дали Николај со ваквите постапки ја смета јавноста за наивна, или глупава?

-Всушност што друго да направи, кога гледа дека битката му е веќе осудена на пропаст. Прво не ми излегоа сметките за Сливен, па и по излевањето на народната „љубов“ за неговата евентуална кандидатура за патријарх, најлукавиот потег е да си поднесе оставка, за да не излезе големиот губитник. Ако мислите дека Николај Пловдивски се откажал од големата битка – се лажете.  Сега треба да почекаме и да видиме кој ќе биде неговиот фаворит за посакуваниот патријарх. И не е ни чудо под негов притисок да биде избран уште покротк и безкарактеристичен патријарх, за Николај Пловдивски да продолжи да си игра на својот коњ како сив кардинал. Има и уште поопасна опција – Синодот да ги одложи патријаршиските избори и да управува заменик-претседател – на неопределен период и на ротирачка основа. Впрочем, ротациите се во мода во Бугарија…, напиша Благоев на фејсбук.

Благоев потенцира дека на НИколај треба да му се признае умешнота за себе да прави одличен ПиАр.

-Во случајот е на добар пат и да се самоканонизира. Споредувањето со библискиот Јоана не е здрав христијански морал. Особено на првиот ден од Великиот пост. И ако сака вистински да биде во смирението, нека се повлече од Пловдивски митрополит и нека замине во некој манастир. Нели вели дека искрено ки е мило достоинството на Црквата. Токму тоа не се урива од критиките на општеството кон Николај, туку од поведението, односот и неговите посланија кон општеството, вели Горан Благоев во својот коментар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *