Се е предвидено за патувањето на Папата во Ерменија

Date:

Share post:

vatikan slikaРимокатоличкиот поглавар, Папата Франциск од 24 до 26 јуни оваа 2016 година, ќе патува во официјална посета на Ерменија. Во Ереван во катедрала на Ерменската апостолска црква ќе биде пречекан од ерменскиот поглавар, Патријрахот Карекин II. Франциск ќе има средби и со претседателот, претставниците на граѓанските власти и дипломатскиот кор.

Следниот ден, по примерот на Јован Павле II, Папата ќе го посети споменикот на злосторство врз ерменскиот народ, направен за време на отоманските власти од 1915-1916 година.

Во Ѓумри, град втор по големина во Ерменија според населението, кој во минатиот век беше погоден од силен земјотрес, Франциск ќе служи Литургија.

Папата ќе се сретне со католичките епископи во Апостолската палата и ќе присуствува на божествена Литургија во ерменската апостолска катедрала.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img