Жена на возраст од 30 години од ромската населба Исток во Пазарџик, Бугарија е првата која заработи казнета за носење бурка, откако општинските власти забранија покривање на лицето на жените на јавни места.
На крстосница во населбата Исток, полициска патрола ја видела жената и ја казнила. Со тоа таа ја прекршила забраната за носење на таков тип облека на јавни места.
Според одлуката на општинските советници глобата за прв ваков прекршок е 300 лева, или 150 евра, а за секој нареден ќе се плаќаат по 1000 лева, или 500 евра.
Бурката е забранета во Пазарџик, Стара Загора, а за истата мерка размислуваат повеќе општини во земјата.
Целта е да се спречи ширењето на радикалниот ислам во Бугарија.

