Поглаварот на т.н. „Косовска православна црква“ Никола Ѓуфка, со јавен статус на социјалните мрежи директно му се обрати на поглаварот на Православната црква на Албанија Архиепископ Јован.
Во обраќањето објавено на социјалните мрежи, Ѓуфка бара Албанската православна црква да ја признае автокефалноста на Православната црква на Украина, повикувајќи на усогласување со Вселенската патријаршија, односно дистанцирање од Москва.
Тој оди чекор подалеку и ја вовлекува црковната тема во отворен геополитички контекст, повикувајќи се на потребата од усогласување на позициите на Црквата на Албанија со позициите на САД.
Пораката има јасна геополитичка димензија и отворено го вовлекува црковното прашање во пошироки политички рамки.

