Епископот Дремвитски Давид бил во посета на Црна Гора, на митрополијата на СПЦ. Во храмот Свети Никола во Котор сослужувал со неколку архијереи на СПЦ. На литургијата што ја предводел Архиепископот цетињски и Митрополит црногорско-приморски Јоаникиј, покрај епископот Давид од МПЦ-ОА, сослужувале и владиците на СПЦ, милешевскиот Атанасиј, будимљанско-никшиќкиот Методиј, захумско-херцеговскиот Димитриј, славонскиот Јован, буеносајрескиот и администратор загребско-љубљански Кирил и диоклијски Паисиј.
-На Литургијата беше воведен во календарот на светителите: Свештеномаченикот Михаило. Овој нов светител (роден во Египет 1899 г.), бил свештеник во Бока-которска. Заради неговата дејност и образование (говорел и неколку светски јазици), почнал да ѝ пречи на новата комунистичка власт после Втората светска војна, која свирепо го измачувала, го погубила во Котор и неговото тело го фрлила во септичка јама, 1945 година. Децении потоа и неговата сопруга со нивните четири деца биле стигматизирани од власта заради нивниот сопруг и родител, денес прославениот Свештеномаченик Михаило, стои во објавата на фејсбук страницата на Манатирот Успение Богородично.

