Почетна Вести Рускиот патријарх Кирил: Бидејќи имаше прва средба, може да има и втора и трета средба
Рускиот патријарх Кирил: Бидејќи имаше прва средба, може да има и втора и трета средба

Рускиот патријарх Кирил: Бидејќи имаше прва средба, може да има и втора и трета средба

50
0

Рускиот патријарх Кирил е подготвен да го продолжи дијалогот со Папата Франциск и со римокатоличката црква, Патријархот Кирил, интервју за „Раша Тудеј“ изјавил дека на првата историска средба минатиот петок не разговарале за следни средби, но ја исклучил таквата можност.

-Бидејќи имаше прва средба, може да има и втора и трета средба, изјавил Кирил

Минатиот петок Папата Франциск и патријархот Кирил се сретнаа во Хавана, Куба.

Во заедничката декларација поглаварите ја потврдија заложбата за продлабочување на католичко-православниот дијалог и повикаа за мир во Сирија, Ирак и Украина.

Средбата е прва меѓу поглаварите од Рим и Москва од основањето на Московската патријаршија.

Имено Московската патријаршиија е призната од цариградскиот патријарх Јеремија II во 1589 година, а првиот руски патријарх ја зема титулата, „Патријарх на царскиот град Москва, Новиот Рим и цела Русија“.

Иако средбата има огромно историско значење бидејќи е права по речиси 1000 години меѓу најмоќните претставници на двете цркви, сепак оваа средба не се толкува како прва меѓу католиците и православните. Такви средби имало и претходно, а од посебен историска важност е средбата помеѓу папата Павле VI и вселенскиот патријарх Атенагора I во 1964 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *