Во Руската православна црква го поздрави велигденското примирје прогласено од претседателот на Русија Владимир Путин и ги повикуваат украинските власти да го следат тој пример, изјави претседателот на Синодалниот оддел на Московската патријаршија за односи на Црквата со општеството и медиумите Владимир Легојда, пренесува Риа Новости.
Претходно, Путин по повод празникот Велигден прогласи примирје од 16:00 часот на 11 април до крајот на денот на 12 април.
„Го поздравуваме велигденското примирје прогласено од претседателот на Русија Владимир Путин. Се надеваме дека неговото почитување ќе им овозможи на многу луѓе кои живеат во областите погодени од борбени дејствија безбедно да присуствуваат на велигденските богослужби. Исто така се надеваме дека украинската страна ќе го следи овој пример“, напиша Легојда на својот Телеграм канал.
