Руската црква во Скопје се молеше за воените успеси на руските војници

Date:

Share post:

Рускиот претставник во Софија, Архимандритот Васијан, кој вчера сослужеше литургија во Соборниот храм во Скопје, имал и друга мисија, што ја реализирал во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези.

Таму со претставници на МПЦ ОА отслужил заупокоена молитва за загинатите руски војници низ вековите.

За настанот извести самата РПЦ преку своето подворје во Софија.

-Во навечерието на Денот на победата, настојателот на Предворието на РПЦ во Софија, архимандрит Васијан Змеев, во древниот манастир на МПЦ посветен на Свети Пантелејмон во Нерези блзу до Скопје, изврши помен за сите руски воини загинати низ вековите. На архимандритот Васијан му сослужуваа клириците на МПЦ, еромонахот Атанасиј и ероминахот Агатон. На службата за покојните присуствуваа амбасадорот на РФ во Република Северна Македонија С. А. Баздникин, соработниците од Амбасадата и парохјани од Подворјето во Софија кои се дојдени на поклонение по светињите на МПЦ. По завршувањето на богослужбата, архимандритот Васијан се обрати кон присутните со беседа во којашто го потенцира значењето на борбените подвизи на руските воини и повика на зачувување на молитвениот спомен за нив, стои во соопштението од рускотп подворје во Софија.

Инаку, сличен помен, по повод 9 мај, отец Васијан, во годините наназад ( пред МПЦ ОА да побара апеллација до Вселенската Патријаршија) извршуваше кај параклисот во рамките на неизградениот храм на бизнисменот Самсоненко во Скопје. Тогаш на свештенослужителите на МПЦ не им беше дозволувано сослужение.

Македонија веројатно е единствената дежава во Европа каде што висок претставник на Рускиот Патријарх, којшто е под санкции на повеќе европски држави, извршува молитва за упокоените руски воиици и има можност да зборува за подвизите на руските војски.

Интересно е да се забележи дека Руската Црква во соопштението не ја споменива Охридската Архиепископија, туку користи само формулација МПЦ, а не МПЦ ОА.

 

 

5 COMMENTS

  1. Без Црвената армија невозможна беше победата над фашизмот во цела Југославија (за Европа знаеме), вклучително и во Македонија. Наместо со благодарност да ги спомнувате оние што за нашата слобода дошле од големи далечини да се борат против нашите непријатели, и заедно со нашите предци биле подготвени и животот да го дадат за ние денес спокојно да мудруваме на разни геостратешки теми (за кои повторно Русите се спремни да се борат безусловно, до конечната победа на православните народи), каква вест прочитавме овде? Ни една панихида не би им дале да си отпеат за покој на загинатите руски војници низ вековите?! “Светило за телото е окото. Ако вашето око е чисто и целото тело ќе ви биде чисто” (Мат. 6, 22). “Но ако светлината што е во во вас е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?” Ако таму каде што требаше да благодарите злословите, тогаш што да кажеме! Господ му дал на човековиот ум огромна сила и слобода, а умот на оној што се моли лесно ги надминува границите на светот и со невидена радост го вкусува она што ни на ум на човек не му дошло, кое око човечко не го видело ниту ушите човечки го чуле. Вие се плашите од оној кој дошол да се помоли во храмот Божји за нешта кои ги сметате за негов потесен интерес, а не се плашите од оние што се молат од дома? Сигурни ли сте дека се молат за нешта коишто вие ги сметате за праведни? Мислите ли дека нивната молитва нема некоја голема сила, дека тие ништо не можат да сменат? Или токму затоа се обидувате да ги насочите, со својата немоќна токсикологија – за да стивнат нивните молитви кои едноставно градат таму каде што вие би уривале?

  2. Кај нас нема загинати војници на Црвената Армија. Ама има гробови од стотици руски емигранти избегани од режимот на истата таа Црвена Армија.

    Веќе кога служел панихида, барем да ги спомнал и оние нивни, руски по род, граѓани кои бегајќи пред Болшевиците, Црвената Армија, НКВД и Сталин дошле да живеат на овие простори. Дволичност типична за руско – српскиот свет и нивните сателити.
    Сталин е одамна мртов… Да живее новиот руски император. Се е исто, се остало се нијанси.

    • Bolen coveku “Pravoslavieto e ljubov” tolku ai poln so omraza sto strav te opfaka i opsesija kon se sto e rusko.
      Tvoeto slepilo e tolkavo sto si spremen da kazes deka anglosaksoncite ne spasile od fasizmot a vsusnost tie se kreatori na neo nacizmot koj sto vo mementov zafaka strasni razmeri.
      Ako sakas i ako si iskren pred Boga procitaj malku istorija pa vidi gi Nirnberskite sudenja tamu jasno ke ja vidis celta na Hitler i negovite sorabotnici… a toa e UNISTUVANJE NA SLAVJANITE!
      Pa mozes li da bides tolku slep ili so sila se pravis!
      Pa da ne bese taa crvena armija vo koja tocno ogromen del od nea bese pravoslavna koja ostana vo Rusija i pokraj celosnata ugenetenost i progon kon pravoslavniot covek Ti DENES NEMASE DA POSTOIS!
      Ama ti isto kako i doticniot Randu i omrazata sto ja imate prema Rusija ne mozete da videte poveke od ona sto vi go servira vasiot gazda!
      Za vasa zal a na radost na celata Pravoslavna Ekumena nie sosluzuvame i nas ne priznava Mnogustradalniot narod Ruski!
      A najvazno od se Cestit Praznik sto bi rekle Rusite
      s dnem pobedi!
      Da se zapameti za sekogas 9 maj e DENOT NA POBEDATA NAD FASIZMOT!

      • Здрав човеку “М”, само болни умови можат да се заглават во нешто пред 100 години и истото да го користат за прскање со света руска водичка на проектили лансирани кон суверена земја. Препрочитувајќи го говорот на Хитлер во минхенската пиварница нешто многу ме потсети на говорот на новиот руски император вечерта пред да ги пушти своите коњаници на Киев. Руско-српски свет… Германски животен простор… Заговори на западниот неолиберален систем… Еврејски заговор против ариевските народи….

        И повторно… Единствено искрено ќе беше рускиот архимандрит во панихидата да ги спомнеше и стотиците руски емигранти чии гробови се во Македонија.
        И да… Православието е љубов и ништо освен љубов. Ама не и рускиот православен фундаментализам.

  3. Слава Му на Бога Кој постојано го исполнува срцето на нашиот народ со љубов и со добрина. Ние ги паметиме добрините на руските борци кон нас и кон сиот свет во антифашистичката борба која заврши со величествена победа и добро паметиме дека нам Црвената армија никогаш не ни нанела никакво зло, туку братски ни помогнала во најтешките денови на војната. Нашето гостољубие кон Неговото Високопреподобие, архимандритот Васијан од Московската Патријаршија, и од тој аспект е наша голема чест, во претпразненството на големиот сесветски празник на мирот и победата над фашизмот. Македонскиот народ не го прегрна злото во текот на Втората светска војна, и голорак му се спротистави. Да се одбележи таа значајна страница од неговите напори за ослободување од големата современа ерес на човештвото заедно со претставници на најпобедоносниот народ против тоа големо зло претставува сведоштво на нелицемерна љубов која вратите на пеколот не можат да ја надвладеат. Што да кажеме! За светите се’ е свето. А за неблагодарните? Денес толпа Полјаци го спречи Рускиот Амбасадор во Варшава да положи венец на воените гробишта, барајќи од него да ја симне лентата со ликот на Св. Георгиј како дел од руската традиција на прославата за Денот на Победата (постојат разни варијанти на овие лентички, но ниедна од нив нема навредлива содржина во никаков облик. Лани го спречиле чествувањето на руската делегација на Воените гробишта во Варшава: истиот ден јавно истуриле боја врз Рускиот Амбасадор. Се разбира, тој може да отиде крадешкум ноќе на тие гробови и да ги чествува своите херои, што ќе му донесе дури и поголема придобивка. Може да ги прослави и на друго место и на друг начин. Но закоравеноста на срцата на тие Полјаци кој да ја оплакува! Нивното богоборство каде ли ја води повторно Полска? Бог да ги исполни нивните опустошени срца со милост и со грижа за нивното спасение! Алчноста никого никогаш не успеала да го спаси. На сите што се надеваат на неа, на украдено и неправедно богатство, им се заканува истата погибел, што е страшно. Чест и слава на сите што ја положиле својата душа за своите пријатели во големата војна против фашизмот! На оние кои во секој голорак човек навјасан од таа неволја гледале свој брат. А оние коишто денес се одважуваат да го возвеличат нивниот спомен во земјите каде што веќе се забранува дури и да се спомене нивната жртва, земаат учество во благодатта на Светиот Товит, кој дури и по цената на својот живот ги крадеше телата на убиваните од безмилосниот цар Сенахирим и ги погребуваше наспроти царската забрана. (Знаеме какви дарови достигна Товит.) И да обрнеме внимание дека денес од Неговата Екселенција, г-динот Сергеј Андреев и од членовите на руската делегација беше побарано да ја симнат од себе ‘лентичката на Св. Георгиј’ од нивните ревери, симоблот на сеќавање на хероите загинати за Татковината во Втората светска војна, но и за милиони луѓе ширум Европа. По молитвите на Св. Георгиј, Бог да го обедини светот во искрено братољубие и грижа за спасението на секоја душа. И да ги вдахнови светските владетели за искрено и чесно миротворство, во Слава Божја и за благосостојба на народите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img