Почетна Вести Руската црква служи панихида за починати бездомници
Руската црква служи панихида за починати бездомници

Руската црква служи панихида за починати бездомници

56
0

Руската православна црква на 6 март во московскиот храм „Св. Бесребреници Козма и Дамјан“, служеше панихида за бездомниците кои живееле и починале на улиците во Москва.

Ова е веќе десетта година како РПЦ служи панихида за бездомници. Прва ваква Панихида е отслужена во 2006 година во спомен на една млада жена која починала на улица од студ и болести. Од тогаш секоја година во оваа црква се прави панихида, на која што се спомнуваат имињата на луѓето кои останале без покрив над главата и починале, но кои останале во споменот на верниците.

„Ние се собираме веќе 10 години за да се спротивставиме на заборавот, за да се учиме на човечност. Го среќаваме Бога, си помагаме. Тоа на секого од нас му дава достоинство, радост и надеж“, изјавил по богослужбата Светлана Фајн координатор на програмата за помош на бездомници, наречена „Пријатели на заедницата на Св. Егидиј“.

Доброволците од оваа организација, редовно им носат на бездомниците топол чај, храна и лекарства, и им помагаат во решавањето на проблемите со кои се соочуваат во својот тежок живот.

„За жал многу од бездомниците се упокојуваат брзо, организмот не им издржува. Со многу од оние што денес ги спомнавме на Панихидата ние се познававме лично, за други, пак, ни раскажуваа. Може да се каже дека ние се молиме за нашите пријатели и за пријателите на нашите пријатели“, потенцирала Светлана Фајн.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *