Почетна Вести Руската црква: Покемон не е играчка
Руската црква: Покемон не е играчка

Руската црква: Покемон не е играчка

830
0

Руската православна црква ги повикува играчите на новата виртуелна игра „Покемон “ да го почитуваат личниот и јавниот простор на сите луѓе, како и да не ги узурпираат сакралните и световните обкејти.

ruska crkva 1-Програмерите на играта свесно дозволиле прокативна димензија, па апсолутно секоја територија станува место за игра. Се надеваме дека играчите ќе пројават благоразумност, за да ги почитуваат интересите на другите луѓе, јавните и верските организации и да не навлегуваат во приватноста на околните, изјавил претставник на РПЦ на прес-конференција во Москва.

Руската православна црква, како што вели не е против играта, туку против можноста простор во кој луѓето ги спроведуваат законските интереси и права, да се претвори во бојно поле на играта без никакви ограничувања.

Новата вируелна игра „Покемон“ стана хит во светот, а поради занесот на играчите, кои на улици собораат виртуелни ликови, веќе ја однесе и првата жртва.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *