РПЦ: Зелениски е сатанист – потребно ни е пософистициранио оружје, но и молитви против сатанизам

Date:

Share post:

Руската православна црква го нарече Зелински сатанист со кој Русија треба да се бори со пософистицирано оружје, но и со молитви против сатаната.

Кирил (Покровски) од Ставропол и Невиномиск, претседател на Синодалниот оддел за соработка со вооружените сили и агенциите за спроведување на законот на Руската православна црква, на состанокот со претставници на Министерството за одбрана, рекол дека против Владимир Зеленски мора да се бори со молитва, исто како што се бориат против сатанистите, нагласувајќи дека меѓународното сатанистичко движење е оценето како екстремистичко во Русија и забрането.

Сепак, рускиот митрополит не пропуштил да посочи дека на Русија и треба и пософистицирани оружја, бидејќи тие се трошат. Но за да ефектот против „сатаната“ биде целосен, потребна е руската молитва.

-Ни требаат сè пософистицирани оружја. Тие постојат и се усовршуваат. Но, што може да се направи против сатанистот Зеленски? …Овој сатанизам не може целосно да се искорени; потребни се молитва и Божја сила, изјавил митрополитот на РПЦ на состанокот на военото свештенство, претставници на Министерството за одбрана, Руската национална гарда

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img