Решението на македонското црковно прашање – модел за решавање на црногорското

Date:

Share post:

Црковното прашање во Црна Гора претставува сериозен безбедносен и геополитички предизвик на Западен Балкан, а не само нерешено теолошко или канонско прашање. Оваа оценка ја изнесува грчкиот професор по теологија и право, д-р Алексиос Панагопулос, во авторски текст посветен на историјата и современата динамика на црковните односи во Црна Гора.

Во анализата, Панагопулос констатира дека црковното прашање во земјата сè уште нема конечно канонско решение, што, според него, претставува значаен момент за теолошката јавност, која долго време била изложена на српско-руски интерпретации на темата. Тој смета дека религијата во Црна Гора станала поле за геополитички притисоци и хибридно влијание, со потенцијал да предизвика долгорочна нестабилност.

Авторот предлага можност за идно решение преку соработка меѓу Српската православна црква и Вселенската патријаршија, со цел да се разгледа доделување автокефалија или автономија за Црна Гора, по моделот на решавањето на црковното прашање во Северна Македонија. Според него, такво решение би било можно само доколку постои канонска и пастирска зрелост, како и согласност од државните институции на Црна Гора.

„Во овој контекст, можноста за доброто разбирање во иднина помеѓу Патријархот Српски и Вселенскиот Патријарх станува веројатна. И ова може да се направи според моделот на неодамнешното решавање на црковното прашање во Скопје, на Охридската архиепископија, на новата држава Северна Македонија, така што, доколку и сè додека постои канонска и пастирска зрелост, тоа може да се испита на ниво на двајцата патријарси, со паралелна политичка согласност на модерната држава Црна Гора, новата влада, за можноста за доделување томос за автокефалност или автономија, преку договор и со строго почитување на светите канони“, вели Панагопулос.

Руското разузнавање за Црна Гора: медиум близок до Српската црква ги толкува плановите на Вселенската Мајка Црква

Во текстот се нагласува дека секое еднострано или неправилно постапување може да ја засили употребата на хибридни стратегии, во кои религијата се користи како средство за внатрешна поларизација и политичка инструментализација. Панагопулос предупредува дека создавањето паралелни црковни структури и политизацијата на црковната историја и имот претставуваат класични елементи на таков пристап.

Како заклучок, авторот истакнува дека стабилноста на Балканот не може да се постигне без почитување на историскиот континуитет и црковната каноничност. Тој апелира до политичките креатори и истражувачките центри да ја земат предвид улогата на религијата како фактор на безбедност и да поддржат институционален дијалог, со цел да се избегне продлабочување на поделбите и да се зачува регионалната стабилност.

Автокефалност од Вселенската патријаршија би имало големо значење за Црна Гора, вели митрополитот Борис од ЦПЦ

П.С. Панагопулос е „професор на Меѓународната академија на „Свети Кирил и Методиј“ во Солун, декан на Факултетот за грчки студии на Универзитетот „Свети Григоријпри Вселенската патријаршија, професор на Универзитетот Унион во Белград, поранешен ректор на Атонијадата во Кареј; објавил над 50 книги за теологија и црковно-правни прашања. Да додадеме дека Амфилохије го напишал предговорот на книгата на Панагопулос „Όστρογκ – Ερζεγοβίνη – Μαυροβούνιο“ (Солун, 2020). На веб-страницата на Црногорско-приморската епархија може да се најдат изјави на Панагопулос дека Амфилохије бил и негов „духовен отец“.

/Antena M

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img