Митрополитот Борис (Бојовиќ), еден од двајцата ривалски претенденти за раководството на Црногорската православна црква, за „The Tablet“ изјави дека статус на „автокефалност“ или можната „автономија“ што би ја доделила Вселенската патријаршија би биле од големо значење за Црна Гора, тврдејќи дека Српската православна црква „не е поддржувач на ЕУ и евроатлантската интеграција“. Во анализата на Андреја Богдановски, за The Tablet.co.uk, Митрополитот ги коментира најновите состојби во црковна Подгорица, по сооштениет на руското надворешно разузнавање, дека Вартоломеј подговува автокефалност во Црна Гора.
„Српската црква ја влече Црна Гора наназад и промовира четничка идеологија“, рече тој, осврнувајќи се на српското националистичко движење од Втората светска војна.
„Таа не се залага за антифашизам, подига споменици на воени злосторници од Втората светска војна и ги асимилира православните Црногорци преку прекројување на нивниот национален идентитет со мешање на религијата и нацијата, вели за The Tablet.co.uk, Борис, Митрополитот на Црногорската православна црква.
Огромното мнозинство од православните христијани во Црна Гора ја следат Српската православна црква, која нема никаков формален вид автономија и е поврзана со Белград. Таа силно го отфрла постоењето на посебна Црногорска православна црква, која не е признаена од другите православни цркви, вклучително и од Вселенската патријаршија.
Митрополитот Борис истакнува дека Српската црква „често е прашувана за прашања поврзани со Црна Гора“. Српската православна црква, една од највлијателните цркви на Балканот, прерасна во моќен политички чинител што ја обликува политиката на Црна Гора.

