Црногорскиот портал AntenaM, пренесувајќи ја анализата на српскиот портал „Живот Цркве“ на изјавата на Халкидонскиот митрополит Еманиул од Вселенската патријаршија, а во однос на тоа дека нема контакти со структури на непризнаената Црногорска православна црква, во заклучокот ги побива изнесените „аргументи“, очигледно подготвени во српско-руската пропаганда кујна, поставувајќи легитимни прашања, коишто своевремено, со истата суштина, ги поставуваше и Македонската парвославна црква на СПЦ. Имено:
„Во својата анализа (на „Животот на Црквата“) – во која, како и во безброј слични, забележуваме, не слушнавме одговори на фундаментални прашања, на пример:- зошто воопшто постои црковното прашање во Црна Гора, т.е. масовниот и децениски општествен отпор, па дури и одвратност кон етнофилетистичката јурисдикција и антиправославната практика на Српската црква, па, гледаме, сега со ова прашање се занимаваат и СВР, т.е. Московската патријаршија и Вселенската Мајка Црква;
– и кои се точно црковните, канонски и историски причини зошто Црна Гора, со својата вековна традиција на автокефална Црква од ерата на Црнојевиќ и Петровиќ-Његош, која неканонски беше „укината“ во 1918 година од страна на окупаторското насилство на Србија, нема да има не само право, туку и обврска да ја обнови својата иста, „предедовска“ автокефална Црква?
Во продолжение целиот текст на AntenaM:
Заедно со вообичаениот српско-руски антицрковен речник за Вселенската Мајка Црква како „црковен Истанбул“, или со „шизматици“ за Црногорците и Украинците (а со децении такви беа и Македонците, заво 2022 година, лесно проверливо, Црквата на Србија, во договор со Московската патријаршија, да ги признае како „автокефални“)… порталот „Животот на Црквата“, потпишан од извесен Тодор Иванов, ја толкува неодамнешната „изјава на митрополитот Емануел (Адамакис) од Халкидон, една од клучните фигури во хиерархијата на Цариградската патријаршија“ – дека Фанар „никогаш не контактирал“ со Црногорската православна црква.
Оваа изјава на Емануел, која ја даде во живо во радио емисија – за српскиот портал е „класичен пример за дипломатска реторика“, бидејќи „ова тврдење, кое има за цел да ја смири Српската православна црква и да ги негира обвинувањата на Српската православна црква, но ако подетално се испитува, нема да ги издржифактите“.
„Митрополитот Халкидонски Емануел не е обичен епископ. Од 2021 година, тој е на чело на Халкидонската митрополија, втората најпочитувана столица по Цариград; и всушност ја извршува функцијата министер за надворешни работи на Цариградската патријаршија“, пишува „Животот на црквата“ и додава дека Емануил бил архитект на „украинската автокефалност, што им дава на неговите зборови во врска со Црна Гора посебна тежина“.
„Признавањето на ваквите контакти [со Црногорската православна црква] би значело отворена објава на војна на СПЦ, чија канонска територија е Црна Гора. Во услови кога Фанар веќе е во прекин на општењето со Руската православна црква, отворањето на „втор фронт“, овој пат против Белград, може да се смета за тактички прерано“.
„Сепак, стилот на дипломатија на Фанар, како што покажа историјата со Украина, се карактеризира со висок степен на флексибилност. До 2018 година, претставниците на Фанар, исто така, јавно го потврдуваа признавањето на Украина како канонска територија на Московската патријаршија, што не ги спречи подоцна да го ревидираат историскиот документ од 1686 година. Според тоа, изјавата на митрополитот Емануил не треба да се гледа како догма, туку како тековна преговарачка позиција“, тврди „Животот на Црквата“.
„Клучот за разбирање на противречноста помеѓу зборовите на архиерејот и реалноста лежи во толкувањето на терминот „контакт“. За официјалната црковна дипломатија, „контакт“ честопати подразбира: формални преговори, размена на официјални делегации или евхаристиско општење. Во оваа, потесна смисла, официјални синодални одлуки за преговори со Црногорската православна црква не се донесени“.
„Сепак“, продолжува порталот, „треба да се признае дека во поширокото толкување „контактот“ вклучува: неофицијални средби на ниво на куратори на релевантни иницијативи; посети на набљудувачи (егзарси) за запознавање со ситуацијата; комуникација преку посредници (државни службеници или други црковни структури, на пример, Православната црква на Украина); заедничко учество на јавни настани“.
„Анализата на дејствијата на Фанат“ – како што тврди „Животот на Црквата“ – „покажува дека според сите овие параметри“ контактите меѓу Вселенската Мајка Црква и Црногорската православна црква „не само што постоеле, туку имале и системски карактер“.
Порталот цитира една од изјавите на Цетинскиот архиепископ и Митрополит црногорски Борис, поглаварот на Црногорската православна црква, која тој ја дал за украински медиум во 2024 година, а која – тврди „Животот на Црквата“ – „опишува специфични бирократски процедури својствени за Цариградската патријаршија“.
„Ова тврдење на Борис е фундаментално“, оценува српскиот портал. „Тоа укажува дека Фанар преминал од пасивно набљудување на активна ревизија (audit). Терминот „проверка на внатрешната организација“ (или „проучување на системот“) во фанариотскиот лексикон означува прелиминарна фаза од процесот на признавање. Пред давање автокефалност или прифаќање на расколничка структура под својот омофор, Фанар секогаш врши инспекција на следниве теми: реално постоење на паства и свештенство; објективност наапостолското преемство; статутарни документи“.
Во својата изјава, поглаварот на Црногорската православна црква – според српскиот портал: „прецизираше дека претставниците на Фанар сакале да го проучат „внатрешниот живот и систем“ на Црногорската православна црква“.
„Таквиот интерес не може да биде само љубопитност. Тоа е акција што бара одобрување на највисоко ниво. „Набљудувачите“ не доаѓаат по сопствена иницијатива, тие се испратени од Синодот или од самиот Патријарх. Доколку митрополитот Емануил тврди дека немало контакти, тој или е погрешно информиран (што е малку веројатно со оглед на неговиот статус) или намерно го крие фактот за работата на специјалните мисии“.
„Треба да се напомене дека 2024 година беше кризна година за Црногорската православна црква“, пишува „Животот на Црква“ и додава дека „во оваа ситуација“ улогата на Вселенската патријаршија „добива посебно значење“.
„Ова е сигнал дека Цариград бара нови можности за да го искористи „црногорскиот проект“ за своите интереси. Стариот водач (Дедеиќ) е дискредитиран, неефикасен и неприфатлив за Грците“, а Борис е „личност која е помлада, поактивна и поспособна да внесе нова сила во структурата што треба да стане инструмент за притисок од црковен Истанбул врз СПЦ“.
Објаснувајќи ги тврдењата за руска шпионажа, српскиот портал потсетува и дека во мај 2019 година, Борис, тогаш сè уште во чин архимандрит, служел на олтарот на познатата Златнокуполна катедрална црква во Киев за време на светата Литургија предводена од поглаварот на Православната црква на Украина, митрополитот Епифаниј и Неговото Високопреосвештенство, Емануил Халкидонски.
„Митрополитот Емануил изјавил дека „не знаел за фактот дека служи со свештеник на непризнаена Црква“, пишува „Животот на Црквата“.
„Сепак, овој аргумент не држи вода пред критиката на црковниот протокол“, тврди српскиот портал. „Дури и ако го земеме предвид „невниманието“, фактот останува – се случил евхаристиски контакт. Во канонското право, самиот чин на заедничка молитва и причест е чин на признавање, макар и да е неформално.“
„Покрај тоа, епизодата од 2019 година открива важен механизам: Православната црква на Украина се користи Фанар како посредничка структура за контакти со оние со кои Фанар во моментов не може отворено, директно да комуницира“.
„За да се разбере вистинското значење на дејствијата на Фанар во Црна Гора, потребно е да се разгледаат низ призмата на „украинското сценарио“. Методологијата што ја применуваше Цариград во Украина има јасни фази што ги забележуваме и во Црна Гора“.
Таа „методологија“ што ја препознаваат од СВР на Руската Федерација и/или од српскиот портал „Животот на Црквата“, во суштина наводно е ваква:
– Фаза: негирање и очекување. – До 2018 година, патријархот Вартоломеј од Цариград постојано изјавуваше дека ја признава ексклузивната јурисдикција на Московската патријаршија над Украина. На ист начин имитрополитот Емануил сега изјавува дека ја признава јурисдикцијата на СПЦ во Црна Гора. Ова е дипломатска измама, неопходна за да се прикрие донесувањето на конечна одлука со која ќе се удри врз противниците на Фанар.
– Фаза 2: Политичко мешање. – Во Украина, катализатор за доделување на томосот беше обраќањето на претседателот Петро Порошенко. Во Црна Гора, слична улога одигра и Мило Ѓукановиќ. Иако овие состаноци беа претставени како државнички, нивната главна содржина беше лобирање за автокефалноста на Црногорската православна црква.
Фаза 3: Испраќање егзарх. – Архиепископот Даниил и владиката Иларион беа испратена во Украина. Неименувана делегација беше испратена во Црна Гора за да „го проучи внатрешниот живот“ на Црногорската православна црква.
„Во исто време“ – забележува „Животот на црквата“ – „треба да се потсетиме дека архиепископот Даниил Памфилиски, еден од егзарсите на Фанар за Украина, отворено изјави во интервју за Би-Би-Си во јануари 2019 година: „Ја поддржувам тезата дека секој народ што сака да има своја пПавославна црква треба да има право да ја основа и да бара нејзино признавање… вклучувајќи ги и Македонија и Црна Гора“.
Според српскиот портал, „оваа изјава на висок претставник на Фанар веќе обезбеди идеолошко оправдување за мешањето на Грците во работите на Црна Гора“.
„Контекстот на 2026 година додава уште еден аспект: вмешаноста на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР)“ – пишува „Животот на Црквата“. „Митрополитот Емануил и Фанар реагираа на ова, нарекувајќи ја изјавата „пропаганда“ и „лаги“ (лажни)“.
„Таквиот став е разбирлив: негирањето на Адамакис е тактички потег насочен кон тоа да не им се даде причина на Москва и Белград превентивно да ги консолидираат своите напори во соочувањето со агресорот во лицето на Цариградската патријаршија. Бидејќи ако Фанар ги признае контактите сега, тоа ќе ја охрабри СПЦ да влезе во стратешки сојуз со Руската православна црква. Со негирањето на контактите, митрополитот Емануил се обидува да ја држи СПЦ во орбитата на дијалогот, а во исто време подготвувајќи терен за признавање на Црногорската православна црква“.
„Реалноста е дека Фанар игра сложена, повеќеслојна игра. На официјално ниво, се одржува илузијата за канонски ред и почитување на правата на Српската православна црква.“
Но, „да го кажеме отворено: соодветното негирање на митрополитот Емануил не е вистина, туку дипломатски штит што ја прикрива операцијата на прецртување на црковната карта на Балканот“, заклучува „Животот на Црквата“.
извор: AntenaM


