
При Крштението, нашиот завет со Бога и нашиот идентитет во Црквата ги објавуваме, ако сакате – потпишуваме, со Верују, значи со јавно исповедање во што веруваме и според тоа верување – како ќе живееме. Зборовите на Символот на верата не вклучуваат ништо што ги подразбира нашите социјални, национални, општествени и биолошки односи, од аспект на нашата припадност кон Црквата. Символот на верата е заклучен, оформен и завршен текст и, согласно соборската одлука, не може да се менува ни дополнува. Оттука, излишни, непотребни и нецрковни (еретички) се сите други и нови потпишувања и заветувања како некаква си потврда за припадност кон Црквата, зашто таквото инсистирање ќе значи дека отците, кои одлучуваа во согласност со Светиот Дух, понудиле непотполн „договор“ и непотполни „критериуми“, но се и спротивни на учењето дека Црквата е есхатолошко битие – Тело Христово коешто најпотполно се пројавува во Евхаристијата, за која предуслов е:
1) заедништвото – „каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив“ (Мт 18, 20)
2) заедница на верните – „кои се крстивте во Христа, во Христа се облековте“ (сп. Галат 3, 27), што значи “сѐ и во сѐ е Христос“ и „нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен (Колос 3, 11)“,
а чија цел е „доаѓањето на Царството Божјо, кое за верните станува достапно во Трпезата Господова“.
“Не лажете се еден со друг, зашто веќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател” (Колос 3, 9-10)
Пишува: отец Бобан Митевски (фејсбук статус)