
Во Прилеп, во состав на Градската болница „Борка Талевски“ почна да функционира новиот храм посветен на „Св.Великомаченик Пантелејмон“.
Осветувањето на новоизградената црква, во неделата на 7 август 2016 година, го извршил надлежниот Митрополит г. Петар со свештеници од Преспанско-пелагониската епархија.
Црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“, е со димензии 10 метри должина и 7 метри ширина.
Оваа црква е дел од трите верски храмови што последните неколку години се изградени во Прилеп.
Храмот е изграден со помош на МПЦ, локалната самоуправа и со доброволни прилози од верниците и граѓаните.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески наскоро најави осветување на уште една црква, на влезот во Прилеп, во близина на Могилата, која го носи името на „Свети Наум Охридски“.
/ФОТО: ППЕ