Православни свештеници и претставници на различни верски заедници во Азербејџан положија цвеќе на Алејата на мачениците во Баку, по повод Денот на национална жалост, со кој се одбележува споменот на жртвите од трагичните настани на 20 јануари 1990 година.
На комеморативната церемонија учествуваа верски водачи од повеќе конфесии, меѓу кои и епископот на епархијата на Руската православна црква за Баку и Азарбеџајн, епископ Алексиј (Смирнов). Тие положија цвеќе на гробовите на настраданите, изразувајќи почит и молитвено сеќавање на жртвите.
Според соопштението на митрополијата, со овој чин беше оддадена почит на оние кои ги загубија своите животи за време на драматичните настани што длабоко го одбележаа современото историско паметење на земјата.
Во рамките на одбележувањето, во сите храмови на Бакинската епархија беа отслужени молитви за покој на душите на загинатите во јануари 1990 година, со што Црквата уште еднаш ја потврди својата духовна солидарност со народот и семејствата на жртвите.
20 јануари 1990 година, познат како „Црн јануари“, е ден во историјата на Азербејџан кога советската армија со силна воена интервенција влезе во градот Баку и објави вонредна состојба за да го угуши движењето за независност. Во крвопролевањето што следеше, десетици до стотици цивили беа убиени и стотици повредени кога вооружени сили отвориле оган врз мирни демонстранти и граѓани. Овој настан се памети како трагедија и ден на жалост, а мнозина го гледаат како пресвртница што ја зајакнала желбата за независност од Советскиот Сојуз.
