Почетна Анализа Почнаа калкулациите за избор на нов бугарски патријарх – ќе победи ли проруското крило?
Почнаа калкулациите за избор на нов бугарски патријарх – ќе победи ли проруското крило?

Почнаа калкулациите за избор на нов бугарски патријарх – ќе победи ли проруското крило?

485
1

Десет митрополити од Бугарската православна црква ги исполнуваат условите за да можат да влезат во трката за избор на нов Патријарх, објави „доксологијаинфоњуз“.

БПЦ има 13 митрополити, но според Уставот постојат три основни услови за да некој може да претендира за Тронот.

Првиот е да има навршени 50 години, вториот да се со епархија и третиот да имаат најмалку 5 години стаж како митрополитски архиереи.

На овие услови одговаат: Великотрновскиот Григориј, Плевенскиот Игнатиј, Ловченскиот Гаврил, Пловдивскиот Николај, Варненскиот Јован, Русенскиот Наум, Врачанскиот Григориј, Видинскиот Данаил и Американскиот Јосиф. Десеттиот е Неврокопскиот Серафим, кој 50 години навршува на 4 јули 2024 година. Тој исто така влегува во трката, затоа што навршувањето на 50 години е во рокот за избор на Патријарх на БПЦ (до 14 јули 2024), вели главниот уредник на Доксологијаинфоњуз.

Останатите митрополити, Старозагорскиот Киријан и Западноевропскиот Антониј немаат 50 години. А Доростолскиот Јаков нема 5 години митрополитски стаж. Престолот на Сливенската митрополија пак е празен, а БПЦ ќе одлучи дали прво ќе избира Патријарх, па Митрополит, или прво ќе го избере Митрополитот на Сливен.

Во меѓувреме БПЦ треба да ја раководи време претседател на Синодот, кој треба да биде избран во рок од седум дена.

ИЗБОР ОД ПАТРИЈАРШИСКИ ЦРКОВЕН СОБОР

Поглаварот на БПЦ се бира на Патријаршиски собор на кој учествуваат 100 делегати. Меѓу нив се сите архиереи (митрополити и епископи на БПЦ). Потоа учествуваат по петтмина претставници на секоја епархија, од кои тројца се клирици, а двајца мирјани. Од софиската митрополија учествуваат десет претставници (шест клирици и четири мирјани). Во соборот учествуваат и по еден претставник на трите ставропигијални манастири – Рилскиот, Бачковскиот и Тројанскиот, кои пак се бираат од соодветен манастирски одбор. Потоа делегати има и по двајца од секоја епархија како претставици на епархиските маснатири – еден монах и една монахиња, одредени од соодветниот епархиски митрополит. Учествуваат и по еден претставник на средните духовни училишта, определени од нивните раководители.

На денот на изборот се утврдува кворум. И ако присуствуваат најмалку три-четвртини од сите, тогаш соборот се смета за отворен. Ако нема присуство на три-четвртини од членовите на соборот, отворањето се доложува за еден час. Потоа соборот се отвора ако присуствуваат повеќе од половината. Ако пак нема кворум, Синодот ги презакажува изборите за следниот неделен ден.

Гласањето за Патријарх е тајно. Кој ќе добие најмалку две-третини од гласовите, се објавува за избран Бугарски патријарх и Софиски митрополит.

Ако никој од кандидатите нема мнозинство од двет-тертини, изборот се повторува со двајцата кои освоиле најмногу  гласови. Избран е тој што ќе освои повеќе гласови. После молебен се извршува интронизација на новоизбраниот патријарх

Во бугарската јавност веќе на големо се зборува за идниот патријарх. Бугарското општество очекува БПЦ да избере достоинствен наследник на Неофит, иако стравуваењата се дека БПЦ може на престолот да донесе човек со проруска ориентација, а во редовите на БПЦ ги има доста.

Иако најсериозни канидати се Пловдивскиот Николај, за кој се вели дека не е благонаклонет кон Москва и честопати балансира и со Цариград, потоа Варненскиот Јован, кој се смета за неопредел, но не и проруски, сепак во сериозна игра за иден патријарх се и Ловченскиот Гаврил, отворено проруиски настроен и Григориј, кој исто така е со отворени прориски ставови.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *