Москва очекува украинската страна да го следи примерот на Русија и да се придружи на велигденското примирје. Владимир Путин им нареди на руските сили да бидат подготвени да спречат какви било провокации од непријателот.
Кремљ посочи дека примирјето ќе стапи на сила во 16:00 часот (13:00 часот по Гринич) денеска и ќе трае 32 часа.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека Украина постојано изјавувала дека е подготвена за истите чекори, дека предложила прекин на огнот и дека ќе дејствува соодветно.
Министерот за надворешни работи Андриј Сибига ѝ одговара на Москва дека Киев е исто така подготвен за прекин на огнот на ист начин.
„Ќе видиме каде и кога ќе стапи на сила тишината и ние сме подготвени да одговориме на ист начин“, прецизираше Сибига.
Украинската безбедносна служба предупредува на можни терористички напади и саботажи за време на Велигден и забележа редовни обиди од руската страна да ја дестабилизира ситуацијата.
Кремљ изјави дека објавеното велигденско примирје е од хуманитарен карактер, но дека мирот може да се постигне денес, доколку Киев донесе таква одлука.
„Ние сакаме мир, а не прекин на огнот“, нагласи Кремљ.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател и главен преговарач со Русија, Кирил Буданов, вели дека гледа напредок кон можен мировен договор со Кремљ и верува дека Русија исто така сака да ја заврши војната и дека преговорите „се движат кон договор“.
