Почетна Вести Христијанство Пендаровски побара Вартоломеј да го искористи апелационото право за признавање на МПЦ-ОА
Пендаровски побара Вартоломеј да го искористи апелационото право за признавање на МПЦ-ОА

Пендаровски побара Вартоломеј да го искористи апелационото право за признавање на МПЦ-ОА

902
0

Претседателот Стево Пендаровски со писмо побара Вселенскиот Патаријарх да го продолжи процесот, кој веќе го започна минатат година и да го исокристи апелационото право на Вселенската патријаршија за да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици. Како претседател на мојата земја, сакам лично да Ве информирам дека како држава, изминативе три години, решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања. Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот. Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет, напишал Пендаровски во писмото.

Ова писмо на Преетседателот, со кое на еден начин се вмешува во барањето решение за МПЦ и поддршката за Вселенската патријарпија, доаѓа како позитивно изненадување ако се знаат неговите претходни ставови за секуларнсот во релациите на државата и верските заедници, велат верските аналитичираи.

Пендаровски го искористил искористил празникот почеток на новата црковна година како повод да ја реафирмира идејата и да поттикне придвижување на процесот, што е особено важно во ситуацијата на светската пандемија.

Познавачите на состојбите велат дека писмото е секако во координација со МПЦ, што пак укажува на фактот дека црквата е подготвена да ги продилжи разговорите со Вселенската патријатпија

Иако писмото е кратко, има многу суштински и јасни барања. Пендаровски точно потенцира кој е патот и зошто Вселенската патријаршија е таа која треба да ги направи тоа, велат Аналитачарите.

Многупати досега претседателите на државата покренувале иницијативи и пишувале писма до Вселенскиот патријарх, барајќи поддршка за МПЦ-ОА, но ова писмо на Пендаровски, доаѓа во момент на веќе прифатена иницијатива од Вселенската патријаршија, по писмото на Премиерот Зоран Заев од 2018 година, за решавање на кононското прашање на МПЦ-ОА.

Апелационото право на Вселенската патријаршија, всушнот е право кое произлегува од нејзините ингеренции за решавања на внатрешни црковни прашања кои долги години стојат отворени. Вселенската патријаршија во овој случај го има ова права, затоа што во 1922 година, кога и ги отстапила на Обединетата Црква на Кралска Југославија епархиите во денешна Македонија, тоа го направила поради потребата за подобро управување на црковниот живот, согласно новите политички реалности и политички граници на Балканот. Но тоа право СПЦ да управува со овие епархии, повеќе од 70 години суштински го нема и речиси толку години стои отворено ова прашања, што и дава легитимитет на Вселенската патријаршија, како Мајка Црква, да го реши.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *