Почетна Вести Патријархот Сако повика на запирање на насилството
Патријархот Сако повика на запирање на насилството

Патријархот Сако повика на запирање на насилството

160
0

sako 2Според духовниот водач на Црквата во Ирак, целта на овие насилства се уништување на „културниот мозаик во земјата и идејата за заеднички живот“. Оттука и неговиот повик до владата, политичарите и сите луѓе со добра волја да работат за „безбедноста и животот на невините граѓани“. Покрај тоа, тој инсистира на итни реформи за развојот на земјата, во момент на длабока политичка, економска и институционална криза.

Во документот потпишан од Калдејскиот патријарх се упатува и апел до „муслиманските верски лидери и христијанскиот клер“ да ги здружат силите за промовирањето на „културата на толеранцијата, љубовта и мирот“ против секоја „злоупотреба на верата“. „Оваа соработка ќе успее да го отфрли со сила бранот на фундаментализмот и секташтвото, така како што се и случи со другите кризи во минатото“, завршува патријархот.

Апелот на патријархот Сако е упатен во момент на длабока криза во Ирак, обележан со внатрешни поделби и неспособноста да се формира нова влада, што ќе се соочи со предизвиците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *