Почетна Вести ПАРОЛИН: Загрижува порастот на омраза во Светот
ПАРОЛИН: Загрижува порастот на омраза во Светот

ПАРОЛИН: Загрижува порастот на омраза во Светот

40
0

Многу нe загрижуваат светските сценарија бидејќи, за жал, гледаме како расте омразата, поделбата, споровите, а сe потешко е да се решат овие конфликти и кон нив да се однесува по мерило на правда, достоинство и солидарност, изјавил државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин, по неодамнешните настани во Ница.

parolin 1– Сметам дека атентатот е израз на чиста омраза: слепо да се оди на луѓе собрани на прослава, да се масакрираат деца и стари луѓе. Човек навистина се прашува што се случува. Сите заедно мора да настојуваме да ги разбереме причините за овие многу драматични и болни појави за да може да ги победиме. Треба да делуваме на повеќе нивоа: со разузунувачките службите во областа на безбедноста, потребно е вложување во културниот карактер за да се отстранат корените на тие појави и да помогне на народите и луѓето взаемно да се прифатат, да се направи – како што вели Папата – постоечките разлики да станат можност за заедничко збогатување, а не за конфликт и тага – заклучил кардиналот Паролин.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *