Почетна Вести Папата Франциск ненајавено посети проститутки
Папата Франциск ненајавено посети проститутки

Папата Франциск ненајавено посети проститутки

192
0

Папата Франциск во петокот без најава посети 20 проститутки кои се наоѓаат во еден стан во Рим и со нив разговараше еден час.

Vatican Sex SlavesШефот на Католичката црква е борец против трговијата со луѓе зад која многу често се наоѓаат мрежите за проституција. Според Папата оваа трговија е вистинско “злосторство против човештвото”.

Ватикан објави дека на разговорот со Папата присустувале седум Нигеријанки, четири Албанки, една Тунижанка, една Украинка и една Италијанка кои имаат околу 30тина години. Сите овие жени се жртви на трговијата со жени, врз сите било вршено физичко насилство и денес се засолнати во едно католичко здружение во стан на северот на италијанската престолнина.

Посетата е дел од Денот „Петок на милосрдноста“ преку кој Папата секој месец прави приватна посета за да ја покаже солидарноста на Католичката црква.

Досега посетил наркомани, стари свештеници, бегалци, деца во болница и лица кои ментален хендикеп во Рим и неговата околина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *