Почетна Вести Папата Франциск на младите им се обратил на „информатички“ јазик
Папата Франциск на младите им се обратил на „информатички“ јазик

Папата Франциск на младите им се обратил на „информатички“ јазик

111
0

Нека молитвата биде „чатот“, а евангелието вашиот „џи-пи-ес“. Ова вчера во Краков, Полска за време на завршната миса им го порачал папата Франциск на младите од целит свет на манифестација која се одржува по повод Католичкиот фестивал на младите, на која присуствувале два и пол милиони млади верници.

Папата на својата беседа по повод Светскиот ден на младите верници им се обрати на нивниот „информатички“ јазик и кажал дека „Божјата меморија не е тврд диск кој ги бележи сите наши податоци, туку симпатично нежно срце кое среќата ја бара во бришење на сите наши траги на злото“.

krakov papaВо обраќањето продолжил со технолошки метафори за денешната младина, која според него е опседната со најновите апликации на своите паметни телефони. Вели дека младите треба да ја инсталираат најдобрата врска на срцето која ја гледа и ја пренесува добрината, а истовремено таа да не се истроши.

Исто така, на младите им порачал да бидат сонувачи кои веруваат во „нова човечност“, која ја отфрла омразата меѓу луѓето и која одбива да ги види границите и бариерите.

Нека евангелието биде вашиот „џи-пи-ес“ – рекол папата.

Стариот дел на Краков цела недела бил препол со млади луѓе кои дошле од целиот свет, од Кина до Самоа и Мексико, кои уживале меѓу мисите на концертите, на фудбалските натпревари и на натпреварите во танцување.

Највпечатливо е тоа што папата постојано разменувал шеги со младите кои секоја вечер се собирале под неговиот прозор, во атмосфера која медиумите веќе ја нарекле „католички Вудсток“.

Пред неговата посета на Полска се стравувало дека првиот латиноамерикански папа ќе се соочи со воздржан пречек во татковината на неговиот претходник Иван Павле Втори, но се случило токму спротивното, тој веднаш ги освоил младите.

Следните Светски денови на младите ќе се одржат во 2019 година во Панама.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *