Почетна Вести Откриена многу вредна подземна црква во Турција
Откриена многу вредна подземна црква во Турција

Откриена многу вредна подземна црква во Турција

219
0

Пронајдена е древна христијанска црква во подземен град на Кападокија, Турција. Црквата била пронајдена во текот на градежните активности за изградба на приватен дом, во градот Невшехир во центарот на Анадолиската рамнина. Локалните власти веќе изјавија дека древната црква може да стане една од најзначајните поклонички места за христијаните.

Според зборовите на градоначалникот на Невшехир Хасан Унвер, ѕидовите на црквата се украсени со прекрасно сочувани фрески од сцените на Вознесение и Страшниот Суд. „Колку што ми е познато слични вакви фрески нема во другите древни цркви“, изјави Хасан Унвер. „Некои научници веќе ги датираат во V век од нашата ера“.

Како што се покажа, древната црква е само еден од објектите во целиот подземен град, зданија коишто биле вдлабени од древните каменоресци во меките карпи на овој локалитет, при што градот е во непосредна близина на областа во Кападокија која е заштитена од страна на УНЕСКО, како дел од светското културно-историско наследство. Овој подземен град бил пронајден во 2014 година при што го сметаа за најголем град на светот во тоа време, а првата населба на ова место никнала 5 илјади години претходно. Пронајдени се исто така и тунел долги и до 7 километри.

Црквата е истражена само делумно. Досега е откриен само нејзиниот свод, а вкупната височина на објектот е сѐ уште непозната. Археологот Али Ајдин соопшти дека активностите се привремено запрени до пролет за фреските да не настрадаат од зимската влага.

„Откривме само неколку фрески“, изјави археологот, „а останатото ќе биде откриено со тек на време. Фреските на фронтоните од црквата го изобразуваат распетието на Исус и Неговото Вознесение во Небесните Обители. Постојат и фрески со изображенија на Апостолите, Светиите и пророците Мојсеј и Илија“.

Новооткриената црква е една од многуте познати во тој реон, при што некои од нив датираат од првите векови на Христијанството, а музејот под отворено небо во соседното село Гореми е доста популарна туристичка атракција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *