Почетна Вести Оланд му се заблагодари на папата за солидарноста со Франција
Оланд му се заблагодари на папата за солидарноста со Франција

Оланд му се заблагодари на папата за солидарноста со Франција

65
0

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Ватикан му се заблагодари на папата Франциско за изразената солидарност кон францускиот народ, по серијата напади на исламските екстремисти во Франција.

Papa FranciskНа средбата, покрај за нападите во Франција, понтифот и шефот на француската држава разговарале и за протерувањето на христијаните на Блискиот Исток и за мигрантската криза.

Пред средбата со папата, Оланд во Ватикан ја посети црквата „Сан Лујџи де Франчези“, која ја изградиле припадници на француската заедница во Рим во 16. век.

Оланд, кој е деклариран атеист, мина десет минути во тишина пред олтарот во малата капела, која стана место за молитви за жртвите по нападите во Париз лани во ноември. Крај олтарот во капелата е поставена и фотографија на свештеникот Жак Амел, кој беше убиен минатиот месец при нападот во црквата во Нормандија.

По посетата на капелата Оланд изјави дека веднаш по убиството на Амел, папата му се јавил по телефон, при што ми рекол дека „се чувствува како брат кој стои покрај францускиот народ“.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *