Телевизијата на СПЦ, Храм ТВ, посвети нова емисија за црквите и манастирите во Македонија, во која отворено зборува за српско духовно и културно наследство во Стара Србија. Ова е само дел од неколкуте серијали што изминатиов период СПЦ, преку својата телевизија, провокативно ги пласира со контекст да и даде на Македонија српски историски карактер.
Речиси два часа, Јасмина Ќириќ, историчар на уметност од Филолошко-уметничкиот факултет во Крагуевац, и Милош Стојковиќ, историчар од Ниш, зборуваат за исоријата на Македонија од средниот век до денес, зборувајќи за Стара Србија и Скопје како прва црковна престолнина на СПЦ.
-Српската средновековна држава била организирана како монархија, на чие чело се наоѓал владетел чија титула со текот на времето се менувала. Организирајќи ја државата, владетелите од династијата Немањиќ најмногу се угледувале на Источното Римско Царство. За поимот Стара Србија, Србија и Македонија, градот Скопје како престолен град на српската средновековна држава, кралот Милутин и царот Душан, ослободувањето на овие територии во Балканските војни и нивната изградба во Кралството Југославија, во емисијата „Час по историја“, стои во описот на емисијата.


Да се поништи веднаш декларацијата од Порфириј и спц од нашиот Архиепископ Стефан!!!!
Ниедна ерудиција не може да го надомести отсуството на исконска, автентична потреба да се најде вдахновение во сиромашно зачуваната историја, особено ако таквиот подвиг нема природна, богоцентрична насока(макар и да е од типот на идеолошки мотивирана „со сила убавина“). Самиот факт дека еден црковен ТВ канал се занимава со вакви историски теми со овој вид на настојчивост е знак за отсуство на вистинско вдахновение, способност за препознавање на потребите на современото општество и кадарност да се пронајде природната врска меѓу историските вредности и тековните човекови (поединечни и колективни) потреби на современото српско општество (како впрочем и на современото македонско општество, во случај на него да се гледа со носталгија кон возљубената Стара Србија – без оглед дали таа парадигма држи вода и кому е потребна, сето тоа ќе остане ирелевантно доколку настојува на создавање неплодни, дури и отровни антагонизми).
Но, што значи незачуваната историја? Колку и да ја овековечуваме во спомените и идеалите, таа претсавува сведоштво за конкретните порази, за неодржливите победи и протегања, за нејзиниот премин во невидливото и во одондестраното. Тоа важи за сите народи во сите историски периоди. И Србија и Македонија како општества (како впрочем и сите поранешни југословенски земји) имаат многу посвежи загуби и рани на чие исцелување треба да се посветат, за што секако им е потребна големата творечка сила на нивните народи, големата љубечка сила на сите членови на нивните општества, пред се’ препознававањето на вистинските колективни вредности коишто можат да ги движат нивните општества во вистински правец и восредоточувањето на своите христијански традиции како чувари на духовната самоодржливост од која потекнуваат сите други плодови. Но, христијанството сфатено како историски елаборат на националната слава е пусто гнездо во кое птиците небесни не ги полагаат своите јајца, не ги одгледуваат своите младенци. Господ секако ќе им ги отвори благовремено очите на сите.