Почетна Вести Најпознатата исламска рок ѕвезда, Сами Јусуф утре ќе пее на Арената Филип Втори

Најпознатата исламска рок ѕвезда, Сами Јусуф утре ќе пее на Арената Филип Втори

92
0

Најпознатиот исламски рок пејач, Сами Јусуф, утре на 3 септември со почеток од 20 часот ќе одржи голем концерт на „Арената Филип Втори“ во Скопје.

Сами Јусуф е најголемата британска музичка исламска-рок ѕвезда и амбасадор на ООН во борбата против сиромаштијата и гладот на светско ниво.

-The Guardian го нарекува “најголемата британска ѕвезда на блискиот исток”, но сепак неговата хуманост ги надминува границите на неговата слава и тој е надалеку познат како ООН Амбасадор против борбата со гладот на глобално ниво. Сами Јусуф е промотор на светскиот мир и хармонија. Неговиот силен и чист глас е лесно препознатлив, но освен вокални способности тој е и добар инструменталист, композитор, аранжер, велат од ИВЗ.

Сами Јусуф денеска беше гостин на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во неговиот кабинет во Исламската верска заедница.

Овој исламски рок музичар има продадено над 34 милиони копии од неговите албуми. Неговата музика е длабоко спиритуална, а во неговите текстови секогаш се пропагира за светскиот мир и љубов.

Потекнува од Азербеџан.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *