Мулсиманите во Албанија во пад, расте процентот на православни христијани

Date:

Share post:

Последниот попис на населението во Албанија од 2023 година се уште предизвикува општествени дебати, особено околу религиската карта на Албанија. Анализите во албанското општество посочуваат дека за првпат по повеќе од 200 години, муслиманите сочинуваат помалку од половина од населението на Албанија.

Според овие податоци, муслиманското население во Албанија се проценува на околу 45,7%, што претставува значителен пад во споредба со 56,7% во 2011 година. Оваа промена се смета за историски момент, бидејќи земјата повеќе не се смета за со апсолутно муслиманско мнозинство.

Од друга страна, според тврдења базирани на податоци на Православната Црква на Албанија (2024), поддржани со матични книги на крштевки и парохиски списоци, православното население може да надмине 24% од вкупниот број. Овие бројки покажуваат дека христијанството е во пораст во земјата.

Сепак, важно е да се нагласи дека овие податоци доаѓаат од различни извори и методологии. Пописите се базираат на самоизјаснување, додека верските податоци често се темелат на институционални регистри.

На крај, бројките сугерираат намалување на процентот на муслимани и значително присуство на христијанските заедници. Сепак, Албанија останува земја со верска разновидност и силна традиција на соживот меѓу верувањата.

Историски, Албанија станала земја со муслиманско мнозинство во XV век, по освојувањето од страна на Османлиското Царство. Пред овој период, територијата била претежно христијанска. Ова ја прави сегашната состојба еден вид „враќање“ кон историските корени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img