Почетна Коментар Молкот на МПЦ-ОА нема да го избрише нејзиниот срам за соработката со…
Молкот на МПЦ-ОА нема да го избрише нејзиниот срам за соработката со…

Молкот на МПЦ-ОА нема да го избрише нејзиниот срам за соработката со…

18.36K
4

Бигорскиот манастир е единствената институција од МПЦ-ОА која испрати сочуство за ѕверски убиената 14 годишна Вања и 74 годишниот велешанец.

МПЦ-ОА, официјално го премолча целиот настан, иако за многу побанални настани знаела да биде гласна во општеството.

Зошто МПЦ-ОА одлучи да молчи? И доликува ли на една црква да ја снема од јавноста во ваков момент кога целокупната општествена јавност е згрозена од целиот настан? Толку ли е голем срамот што ниту сочуство да се изрази? Зошто нема молебен за ова девојче? Како да се чита овој молк? Така дека некој во високиот клир на МПЦ-ОА мисли дека се ова е некоја голема политичка местенка од злите атлантисти против патриотите, против црквата?

Каде се владиците кои од човекот кој сега се сомничи за убиството правеа „најголем патриот и чувар на македонскиот црковен идентитет“? Зошто молчат владиците кои заедно со осомничениот со месеци собираа декларации за МПЦ-ОА, додека истовремено истиот повикуваше на јавен линч, ликвидации и протерување на црковни лица, меѓу кои монасите од Бигорската Обител заедно со нивниот Игумен и епископ отец Партениј? Ќе соберат ли барем тројца од нив храброст и да се извинат за постапките со кои го храбреа овој лик, низ говор на омраза да прогласува предавници на црквата и да повикува на нивна ликвидација, а од друга страна од нив да прави големи патриот и чувари на црковно-националното достоинство?

Тоа што оваа политичка групација, со класични фашистички методи го правеше изминативе месеци, со црковна и со дел медиумска поддршка е само вдомување на говорот на омраза во секојдневнието како да е тоа нормална политичка и општетествена дискусија.

Зошто молчи Петар? Зошто молчи Агатангел? Зошто молчи Григориј…? Зошто молчат десетици свештеници на МПЦ-ОА кои ги споделуваа неговите гнасни повици за ликвидации на своите собраќа? Се каат ли воопшто што биле дел од една огромна лага за некакво наводно спасување на црквата од „злите фанариотски сили“, или пак биле креатори на неговите јавни настапи?

МПЦ-ОА може да молчи во јавноста, но нема да може уште долго да молчи внатре, бидјеќи не само Бигорската обител и некои новинари и аналитичари кои беа на отстрел, на оваа очигледно здружена групација околу и во МПЦ-ОА, на отстрел беа и други владици и други свештеници и тоа само затоа што не му давале поддршка во неговите налудничави идеи.

/Religija.mk

 

Коментар(4)

  1. Духовните луѓе добро знаат кои се основните законитости на духовниот подвиг. “Не судете за да не бидете судени!” (Не донесувајте брзи заклучоци кога знаете дека само Господ ги има сите информации за сите околности на човечките дела и недела). Лично не сум ни најмалку уверена дека органите на МВР ја говорат вистината за овој случај. Црквата не може да биде дел од толпата жедна за крв, одмазда и бесилка. Дали се молела Црквата за Вања Ѓорчевска е една работа, а дали направила јавен спектакл од сето тоа е сосема друга. Се надевам дека денес се моли и за Љупчо Палевски и за другите осомничени, кои се соочуваат со невиден линч, особено затоа што душата на секој човек е драгоцена, а овие луѓе многумина ги заклаа во своите срца, не размислувајќи дали случаите на овие две убиства се навистина расветлени или се работи за политичка завера (власта отворено побара растурање на цела политичка партија, прогласувајќи ја за криминално гнездо со анти-НАТО и проруски ставови!!! Значи живееме во општество со врвна демократска ориентација, кое не толерира неистомисленици? Некој нов општествен модел, кој од непознати причини се нарекува “демократија”?). Светските архиви и во минатото и денес чуваат огромна бројка невино погубени или осудени на долгогодишна робија наводни злосторници, а еден малку помудар човек не може да го пренебрегне тоа толку лесно, колку што бара авторот на овој текст. Оливер Спасовски побара од јавноста да не бара логичности во случајот (свесен за нелогичностите кои ги изнесува како информација) нарекувајќи ги извршителите психопати и малоумни,, неспособни логично да расудуваат. Љупчо Палевски беше ценет гостин на еминентни ТВ емисии со години, како и да е, не можеме да го прогласиме за неинтелигентен, дури и под претпоставка да е злосторник. Посакуваниот американски модел за предизборни кампањи веќе го живееме. За среќа, никој не може да Го прелаже и да Го победи Бог, не можат ни креаторите на овие грозоморни политики.

  2. Iako cuvstvuvam deka ne sum si gi resila licnite prasanja i ne sum si go izmela svojot dvor a se drznuvam da komentiram na nesto ,prostete,ete mislenje sosema neznacajno.Za covekot Ljupco P.Palco doznav vo dnevni emisii koga zboruvase za nekoja treta opcija vo politikata, i na neubav jazik se izrazuvase za poedinci od VMRO i SDSM, potoa premina na crkvata spomna neresitelnost na nasiot arhipiskop pomedju Moskva i Istanbul, i uste…Sretnuvav po mediumi neubavi raboti i za vladikata Partenij, demek so nekakov dogovor go napravile vladika, i za vladici Naum,Pimen i isto sretnuvav po mediumi za vladika Petar ,Grigorij, Ja vikam za sekoj izbran sad ,monah i monahinja edinstven povikan e Gospod koj gi povikal na toj povik .Za nas obicnite ludje sekoas ostanuva se da preispituvame,da drzime distanca duri i koga ke vidime a ne, vo neznaenje sme i uste nekogo poucuvame.

  3. “За среќа, никој не може да Го прелаже и да Го победи Бог”. Добро напиша, но само на крајот, Ангелина, бидејќи целиот текст ти е полн со небулози. Но, во ред, ако се земе предвид твојата личност – пишман калуѓерка со формална дијагноза, нема потреба од толку секирации за она што го сервираш во јавност. Секако само ти сама си веруваш во тоа. Но, штета е што ти се отстапува простор. Како и да е, убаво си кажаа луѓето вчера на пресот: секој коментар кој води кон поддршка на убиецот и соучесниците, на сопартијците и истомислениците на монструмот Палчо, но и секој говор на омраза – ќе биде преиспитуван, а потоа и санкциониран. Затоа пазете се!!! Оти, баш Бог на крајот се’ си изнесе на виделина: кој е кој, кој е за што и кој е за каде. Ова чисто да си знаеш. Ако не ти е јасно де! Оти гледам дека сакаш да се расфрлаш со правда, па да те потсетам дека законите, фала Богу ќе профункционираат. И тоа за секого, срцко моја белоглава

  4. Коментаторот Наум постави одлична илустрација на моделот на “демократијата” за кој се прават организирани напори да профункционира, под искусното евроатлантско менторство, се разбира. Но каква врска има тој модел со слободата и приоритетите на Црквата (Која впрочем според Својата природа и нема некоја суштинска врска со никаков ‘говор на омраза’ ни со идеологијата на отчетност пред власта без отчетност пред Бога) очигледно не е толку битно за коментатори од овој тип, кои исто така за жал дури и отворено се залагаат за елиминација или замолкнување на неистомисленици (и неследбеници) – дури и со некој вид полтронизам? – што генерално во социологијата се нарекува со озлогласениот термин ‘тоталитаризам’. Навистина восхитува гордоста со која се величаат “заслугите” на власта и се одбегнува јазикот на Црквата токму на портал со ова име. Ви благодарам за “дијагнозата”. Секако, се совпаѓа со Вашиот духовен идентитет. “Од преполнето срца устата зборува” (Лука 6, 45), или од друг извор и со друго вдахновение?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *