Митрополитот Иларион Алфеев се врати од „мртвите“

Date:

Share post:

Рускиот митрополит Иларион (Алфеев) се појави во состав на делегацијата на Руската православна црква на погребот на католикос-патријархот на Грузија, Илија II, што претставува едно од првите јавни појавувања по геј аферата што ја покрена еден од неговите штитеници.

Делегацијата на Руската православна црква беше предводена од митрополитот Венијамин, егзарх на Белорусија, која престојуваше во Тбилиси со благослов на Патријархот Московски Кирил.

Дополнително внимание со неочекуваното појавување на Алфеев привлекуваат уште два други настани – имено  тој оствари контакт со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој началствуваше со погребниот обред. Алфеев, како претседател на Одделот за надворешни работи на РПЦ беше остар критичар на Вартоломеј во православната јавност, а своевремено беше објавено дека токму Вселенскиот патријарх при една средба побарал од Кирил Московски да го опомене својот епископ да не изнесува лаги против личноста на Констакнтинополскиот првоерарх.

Исто така уште еден необичен момент го привлече вниманието во јавноста, имено дека при поклонението пред одарот на починатиот патријарх, панагијата на Алфеев му паднала на под. Овој момент предизвика разни конспиративни толкувања како на пример дека тоа е знак дека Богородица го напуштил тој архиереј и дека иако Московскиот патријарх Кирил замижал пред неделата на Иларион, Грузискиот патријарх на овој налин го расчинил. Истересно е и тврдењето дека оваа случка се поврзува и со големиот притисок што пред Соборот во Крит го врши Иларион Алфеев во името на Кирил кон Грузиската црква, односно успева да ја спречи оваа Црква да учествува во ова сеправославно собрание.

Иларион, кој долги години беше раководител на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, има значајна улога во меѓуцрковните односи, особено во периодот пред влошувањето на односите меѓу Москва и Цариград во 2018 година.

Погребот на Илија II собра бројни црковни делегации и претставници од православниот свет, при што централната улога ја имаше Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img