Почетна Вести Митрополитот Алфеев ги потсетува балканците кој гинел за нивната слобода
Митрополитот Алфеев ги потсетува балканците кој гинел за нивната слобода

Митрополитот Алфеев ги потсетува балканците кој гинел за нивната слобода

410
0

Шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Иларион Алфеев тврди дека Русија е најзаслужната за слободата на балканските народи и дека во историјата токму рускиот народ платил висока цена за слободата што денес ја уживаат народите од овие простори. Алфеев ова го кажал во Словенија каде присуствувал на одбележувањата на споменот за страдањата на руските воени заробеници од Првата Светска Војна.

Alfeev vo slovenija 2-Рускиот народ низ историјата плати висока цена за слободата на балканските народи и не е никаква случајност што споменикот на еден руски цар се наоѓа во Белград, а друг во Софија, заедно со голем број споменици посветени на настраданите руски војници на целиот Балкан. За рускиот човек, Србите, Словенците, Бугарите и припадниците на другите словенски народи, секогаш буле пријатели и браќа. Русинот никогаш не го штедел својот живот за добробитта на другите народи, изјавил Митрополитот Алфеев.

Оваа изјава на Алфеев, според дел од политичките аналитичари има јасна симболика во денешен контекст на општествено-политичките случувања во овој регион, кој својата стратешка определба ја насочи кон евро-атланската интеграција, наспроти проруската определба.

-Таа изјава на Алфеев не е случајна, особено што заедно со него во посета на Словенија е и рускиот Претседател, Владимир Путин. Таа е кажана со јасна и прецизна цел. Слободно може да се толкува како потсетување кој тоа гинел за нив, иако историските околности и не се баш такви за да му се дава толкаво значење за руската заслуга, со оглед на тоа што балканските народи својата слобода сами ја извојувале, велат аналитичарите.

Alfeev vo slovenija 1Домаќин на Иларион во Словенија му бил српскиот митрополит Загребачко-љубљански, г. Порфирије.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *