Монахињите од Манастирот во Рајчица денеска ја прославија манастирската слава во чест на Свети Григориј Палама без присуство на верници во услови на карантин, поради состојбата со коронавирусот во дебарско.
Тие споделија фотографија, со која повикуваат на заедничка молитва. Во коментарите под фотографијата добија стотици пораки за поддршка и молитва.
-Манастирската слава во Рајчица, во чест на Свети Григориј Палама, во услови на карантин.Ве сакаме, ве благословуваме и се молиме за вас! „Радувајте се секогаш! Молете се постојано!“ (1. Сол. 5,16-17), напишаа монахињите во коментар на сликата.

