Почетна Вести Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица на 4 септември
Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица на 4 септември

Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица на 4 септември

89
0

Мајка Тереза и официјално ќе биде прогласена за светица на 4 септември годинава. Папата Франциск, денеска го потпишал декретот за нејзиното прогласување за светица, по денешната средба на кардиналите во Ватикан.

Мајка Тереза, родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу во Скопје, која почина во 1997 година, во 2003 година папата Јован Павле Втори на церемонија во Рим на која присуствуваа околу 300.000 верници, ја прогласи за блажена.

Во декември лани Ватикан го призна и второто чудо кое и се припишува, со што беа исполнети условите за таа да биде прогласена за светица.

На денешната средба на Конзорциумот во Ватикан, одреден е терминот за канонизација на Мајка Тереза – 4 септември. За нејзината грижа за болните и бездомните таа во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *