Македонската Паравославна Црква – Охридската Архиепископија денеска одбележа 55 години од прогласувањето на автокефалноста.
Литургијата што се одржа во црквата “Свети Великомаченик Димитриј” во Кавадарци, во рамки на традиционалниот “Семакедонски црковно-народен собор”.
На Архиепископот Стефан му сослужуваа Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, поранешниот Митрополит Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство и монаштво од МПЦ-ОА.
Традиционално, на Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората.