Почетна Вести Личниот секретар: Бенедик XVI се гаси како свеќа, но уште има смисла за хумор
Личниот секретар: Бенедик XVI се гаси како свеќа, но уште има смисла за хумор

Личниот секретар: Бенедик XVI се гаси како свеќа, но уште има смисла за хумор

497
0

benedikt 1Интересна и многу коинцидирачка изјава дал личниот секретар на екс папата Бенедикт XVI за неговата здравствена состојба. Моњсињор Георг Генсвајн, во изјава за италијанските медиуми рекол дека пензионираниот папа Бенедикт „полека се гаси како свеќа, но и понатаму е луциден.

-Јозеф Рацингер е стар човек, но е многу луциден. За жал сека тешко се движи и мора да користи помагала, изјавил Генсвајн, личниот секретар на Бенедикт за италијанските медиуми.

Според неговите зборови, Бенедикт XVI во април полни 89 години и „полека и мирно се гаси како свеќа“.

-Папата е спокоен во мир со Бога, со себе и со светот. Но и понатаму е заинтересиран за се и ја задржал својата префинета смисла за хумор, изјавил неговиот секретар.

Изјавата на Генсвајн доаѓа само една недела по последното и единствено интервју на Бенедикт XVI  кој се повлече од поглавар на Римокатоличката црква во февруари 2013 година.

Екс Папата во тоа интервју жестоко ја критикуваше Католичката црква во своето догмастко учење, а на моменти „признава“ дека Православното учење е многу поблиску до Христијанството.

Двете изјави никој не ги поврзува, но сепка во ним има многу повеќе од обична коинциндеција, оценуваат верските аналитичари.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *