Почетна Вести ВУЧИЌ: Државата ќе ја заврши црквата Свети Сава до 2019 година
ВУЧИЌ: Државата ќе ја заврши црквата Свети Сава до 2019 година

ВУЧИЌ: Државата ќе ја заврши црквата Свети Сава до 2019 година

80
0

sveti savaСрбија до 2019 година конечно ќе ја заврши доизграбата на најголемата Црква на Балканот, храмот Свети Сава на Врачар во Белград.

Ова ветување на Српскиот Патријарх, Иринеј му го дал Премиерот Александар Вучиќ на денешната средба во Патријаршијата во Белград.

-СПЦ не треба да се грижи, државата ќе помогне бидејќи тоа не е само верски, туку и културен споменик  кој ќе привлече многу луѓе да го посетат, а со тоа и да го посетат и Белград и Србија. Сето тоа треба да се заврши до 2019 година кога се одбележуваат осум векови од создавањето на првата српска архиепископија и овој храм ќе биде велелепен и најубав во светот, изјавил српскиот премиер по средбата со Патријархот.

Најголемиот храм на СПЦ почнал да се гради во 1935 година и се уште не е завршен.

Двајцата денеска разговарале за односите ан државата со верските заедници, за кои констатирале дека се добри.

-Државата е благодарна на СПЦ затоа што таму каде нејзе ја има, а ја нема државата, нашиот народ останува благодарејќи на нејзиното присуство, изјавил Вучиќ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *