Почетна Политичка теологија Контроверзија или археолошка имагинација – Моштите на Свети Никола не се во Бари
Контроверзија или археолошка имагинација – Моштите на Свети Никола не се во Бари

Контроверзија или археолошка имагинација – Моштите на Свети Никола не се во Бари

584
0

Турската археологија ја разбранува христијанската јавност, откако по направените последни истражувања тврди дека е на пат да го откријат гробот на Свети Никола, а со тоа веруваат дека неговите моштите се во Турција, а не во Бари како што тоа со векови е општо прифатено во христијанството.

Архелозите од Турција истражувале во Дамре, историски познат како Мира (од каде и Свети Никола ја добил титулата епископ Мириклиски во 4 век) каде откриле подземна стара црква за која тврдат дека воопшто не била допрена.  Демре се наоѓа во Јужна Турција во близина на Анталија.

Чемил Карабајрам, шеф на Управата за споменици на Анталија, за медиумите изјавил дека храмот, кој бил откриен за време на електронските истражувања покажале празнини под црквата.

-Ние веруваме дека ова светилиште воопшто не е оштетено, но е доста тешко да се дојде до него бидејќи постојат мозаици на подот”, изјави Карабајрам за турскиот весник “Хуријет”.

Тој сепак е голем оптимист дека тука се уште се наоѓаат моштите на  Свети Никола, но предупредува дека ќе биде потребно извесно време за да се острани секоја плочка една по една и да се за да се дојде до гробот.

-Ќе стигнеме до земјата и можеби ќе го најдеме недопрената тело на Свети Никола”, изјавува турскиот археолог.

Турските археолози веруваат дека во ова бил гроб на локален свештеник, а не на Светиот Николај Чудотворец

Свети Никола по неговата смрт во 343 бил погребан во црквата во Демре, каде што телото било се до 11 век.

За време на византиско- селџучките битки и поразот на Византија во Мала Азија, некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата и покрај негодувањата на тамошните православни монаси, тие биле пренесени во Бари на 9 мај 1087 година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според други моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од Бари и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во  Италија, кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет. Денес во Бари постојат две цркви во негова чест, една католичка една православна.

Турските експерти сега тврдат дека тогаш биле пренесени погрешни мошти и тие кои сега се во Бари, наводно му припаѓаат на друг локален свештеник, а не легендарниот епископ.

/извор: Телеграф – Лондон

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *