Почетна Вести Киднапираниот свештеник е жив, Индија очекува негово ослободување
Киднапираниот свештеник е жив, Индија очекува негово ослободување

Киднапираниот свештеник е жив, Индија очекува негово ослободување

244
0

otec tom 3Индискиот католички свештеник од редот на сестринството на Мајка Тереза, Отец Томас Узуналил, е жив и наскоро ќе биде ослободен, објавија официјално индиските државни власти.

Индиската влада тврди дека тој се чувствува добро и дека во моментов се вршат последни преговори за да биде целосно гарантира неговото ослободување.

Претставник на владата на Индија изјавил за тамошните медиуми дека ова дава надежи за брзо ослободување на свештеникот.

Иако оваа вест индиските власти ја соопштија во петокот, досега нема ништо конкретно што навестува негово ослободување. Локалната Црква е претпазлива воздржана во оптимизмот за позитивен исход.

Иако претходните информации беа дека тој е киднапиран од припадници на ИСИЛ и пред Велигден кружеа информации дека Отец Том ќе биде распнат на крст за Велики Петок, што се покажа како неточна информација, сегашните информации на индиските власти велат дека свештеникот не бил во рацете на џихадисти од Исламската држава, туку бил киднапиран од „анти-владини групи“ кои дејствуваат на територијата на Јемен.

Овие вести укажуваат дека станува збор за шиитски бунтовници, кои повеќе од една година се борат против владините сили. Официјална потврда за нивното учество не е потврдено. Отец Том исчезна во напад на старечки дом во Јемен во кој беа убиени 16 луѓе, меѓу нив и четири монахињи од сестринскиот ред на Мајка Тереза.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *