Почетна Вести Геј свештениците станаа легални во шкотската протестантска црква
Геј свештениците станаа легални во шкотската протестантска црква

Геј свештениците станаа легални во шкотската протестантска црква

162
0

Протестантската црква во Шкотска на своите хомосексуални свештеници со гласање во саботата им го одобри влегувањето во граѓанска заедница со лица од ист пол, три години по одлуката за примањето на свештениците хомосексуалци во своите редови.

gej svestenici 1Според оваа одлука, протестантски свештеници во Шкотска ќе може да станат и лица коишто веќе се во граѓански еднополов брак.

Протестантската црква минатата година го одложи носењето на одлуката за приемот на венчаните хомосексуални свештеници во своите редови, за да по ова прашање се советува во сите епархии, и им даде доволно време за расправа по темата.

Шкотската протестантска црква во 2013 година го одобри примањето на свештениците со хомосексуална ориентација во своите редови по долгогодишна расправа, но Англиканската црква на своето хомосексуално свештенство сé уште не му дозволува склучување бракови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *