Почетна Вести Католичката црква бара забрана на концертот на Мадона во Сингапур
Католичката црква бара забрана на концертот на Мадона во Сингапур

Католичката црква бара забрана на концертот на Мадона во Сингапур

135
0

Сингапурскиот надбискупот на римокатоличката црква, Вилијам Гох  отворено се спротивставил на одржувањето на концерт на американската поп пејачка Мадона, што на 28 ти февруари ќе се случи во Сингапур, како дел од нејзината светска турнеја.

Тој ги потсетил католиците дека нивната морална обврска е да не ги поддржуваат оние што ја оцрнуваат и навредуваат религија и промовираат анти-христијански и неморални вредности, потенцирајќи дека Мадона е пример за такво нешто.

-Луѓето треба да се посветат на Бога, ние треба да се претплатиме на автентичнна уметност која не води до Бога, преку љубов, почитување, толеранција, а не поддржуваме  псевдо уметност, која промовира сензуалност, бунт, непочитување, порнографија, загадување на умот на младите, навредлива слобода, индивидуализам на сметка на општото добро, вулгарноста, лаги и полувистини, изјавил католичкиот надбискуп во Сингапур.

Madona 1Музиката на Мадона, и нејзините сценски настапи се познати по својата експлоатација на христијанските симболи и иконографија со провокативни настапи, особено во последната нејзина турнеја, во која таа носи оскудна гардероба и изведува стриптиз околу стубови поставени во форма на крст, потенцираат од тамошната католичка црква.

На Мадона веќе еднаш и беше забранет настап во Сингапур во 1993 година, откако локланите власти нејзиниот настап го оценија како непожелен за многумина на морална и верска основа.

Католичката црква во Сингапур тврди дека голем број верници писмено го поддржале надбискупот во ставот против концертот на Мадона

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *