Почетна Вести Руската и Бугарската црква го прогласија Св. Серафим за светец
Alfeev 4

Руската и Бугарската црква го прогласија Св. Серафим за светец

269
0

Иако се најавуваше и очекуваше, сепак Рускиот патријарх Кирил денеска не допатува во Софија.

На свеченото прогласување на Свети Серафим, Софискиот чудотворец за светец, Руската православна црква го испрати шефот на одделот за надворешни работи, Митрополитот Иларион Алефеев.

Со него во Софија допатуваа уште двајца епископи на РПЦ. Епископот Панкратиј, како претседател на комисијата за канонизација на Руската црква и епископот Назариј, заедно со уште неколкумина свештеници од Руската православна црква.

Иларион пред софиските медиуми потенцирал дека Патријархот Кирил имал голема желба да дојде во Бугарија, но поради неодамнешното патување во Јужна Америка бил спречен во тоа.

-Патријархот Кирил имаше желба да биде тука во Бугарија за да учествува во торжественото прогласување за светец на Св. Серафим Софиски Чудотворец, но поради неговата пастирска посета на Јужна Америка, поради долгиот поминат пат, тој не можеше да дојде и да учествува на прославата во Бугарија. Патријархот со голема љубов го очекува пристигнувањето на Патријархот Неофит во Москва, на почетокот на март, кога заеднички ќе го прославата св. Серафим, изјавил Алфеев во Софија.

Рускиот црковен дипломат, потенцирал дека Владиката Серафим Соболев, кој сега се прогласува за светец ги сврзува двете цркви.

-Во историјата немало такви настани, две православни цркви заедно да канонизираат светец. Свети Серафим беше руски духовник, дел од Руската задгранична црква, но долги години(повеќе од 30 години), тој живееше во Бугарија. Тој тука ги учеше верниците на љубов, а по неговата смрт се случуваа и чуда. Тој овде е почитуван со голема почит и токму од Бугарската црква произлезе идејата за негова канонизација. Светиот синод на РПЦ, а потоа и Архиерејскиот собор на Московската патријаршија го разгледа житието на светецот и заклучи дека нема пречки за негова канонизација. Ова е навистина еден голем настан за двете цркви, изјавил Алфеев пред медиумите на аеродромот во Софија, по неговото пристигнување.

Бугарската православна црква и Руската православна црква, попладневно заеднички на литургија во Соборниот храм „Александар Невски“ го означија прогласувањето на Св. Серафим, софискиот чудотворец за светец.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *