
Како Пахомије го гледа Крушево?
Врањскиот епископ на СПЦ, Пахомије кој беше дел од литургијата за устоличувањето на Митрополитот Јован за Крушевско-демирхисарски митроплит има свој поглед на градот Крушево.
Откако се врати во Врање, на својата интернет страница објави вест за интронизацијата на новиот македонски митрполит, но свои зборови го опиша градот каде ќе биде седиштетото на на Крушевско-демирхисарската Митрополија.
-Во Северна Македонија, во градот на на највисока надмораска восочина во државата, Крушево, место во кое во 1873 година е прв пат отворена српска народна школа, во која при учители биле Срби од Крушевац, Деспот и Ѓока Баџовиќи, кои завршиле белградска Богословија, во градот во кој е спален храмот на Свети Никола од Турците во 1903 година, а изграден 1905 година, град кој со околината е ослободен во Првата Балканска Војна 1912 година и бил припоен на Кралството Србија, е одреден за седиште на Крушевско-демирхисарската Митрополија, нашиша Пахомије на интернет страницата на Врањската епархија.
Зошто и на кому му е потребна ваква провокација во овој момент, верјатно знае само тој.
Синодот на МПЦ-ОА нема коментар.
Секој со своето богопознание, се разбира. И секој со своето откровение за суштината на црковните храмови или за христијанскиот духовен подвиг или со својата прелест. За еден тие се сведоштво за славата на ктиторите меѓу предците на неговиот народ, понекогаш дури и на племето (семе Авраамово можат да бидат само како негови духовни наследници, но сепак историската накалеменост на нивното телесно потекло на тоа ни српско ни македонско, туку Израилско племе, ги возбудува и ги храбри дека и самите ќе се преумножат како песокот на земјата, дај Боже да смогнат да го фрлат во заборав и самиот Авраам – зашто што друго е таквото превознесување, ако не една скриена желба да се искорне најстарата кадрица од брадата Господова за своја чест!?): таквиот безгрижно заборава дека Самиот Христос пропоповедал во храм чиј ктитор бил лично Ирод братоубиецот прељубник, оженет за својата снаа, лично тој, Ирод убиецот на две илјади Витлеемски деца меѓу кои го барал новородениот цар Израилев. Секако, ни Мајката Божја ни Богочовекот Исус Христос по тело не ни се сонародници, ние не можеме да ја докажеме телесната сродност со личности чија етничка припадност (ако треба веќе така да разговараме) е наполно поинаква и не смееме да заборавиме дека до денес голем дел од нивните сонародници се одрекува од Нив како од носители на Домостројот на спасението. ‚есто им градиме црковни храмови на Светители коишто етнички дури припаѓаат и на народи коишто во некои историски периоди се однесувале непријателски кон нашиот (секако, имаме видливи и невидливи причини за тоа). За други пак, четките на фрескописците, вдахновените движења на длаборезците, ремек-делата на неимарите или филигранските гласови на псалтите восовршени во вештините на вековните школи на црковното пеење се најзначајните оприсутнувачи на Господ како незамолчлив сведок на даровите Божји излеани кај нивниот народ. А победници во оваа трка секако ќе бидат оние коишто и самите ќе дадат (ќе станат) Светители, на кои поколенијата што доаѓаат сепак ќе им градат храмови, надевајќи се на нивната благодатна помош на патот на спасението.