Почетна Вести Христијанство Јаков Стобиски: За Македонија ќе биде голема чест да ја посети Патријархот Неофит

Јаков Стобиски: За Македонија ќе биде голема чест да ја посети Патријархот Неофит

326
0

Македонскиот епископ Јаков, кој одлета со бугарската делегација за Ерусалим по Благодатниот оган, изјавил дека за Македонија ќе биде исклучително важно да ја посети бугарскиот патријарх Неофит, објави агенцијата БГнес.

-Тоа што се случува изминативе години е доказ за една нелицемерна, за една братска љубов и покажува дека Христос навистина воскресна, изјавил Јаков Стобиски за БГНЕС, заблагодарувајќи се од името на МПЦ на БПЦ.

Епископот Јаков од аеродромот во Софија посака Христос Воскресе на двата народа. Старозагорскиот митрополит Кипријан, пак дополнил дека има пасхална радост и посакал воскреснатиот Христос да дава сили за обединување на Православието.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *