Почетна Вести Регион Хил на средба со Порфириј – СПЦ има значајна улогоа во дијалогот и мирот во регионот
Хил на средба со Порфириј – СПЦ има значајна улогоа во дијалогот и мирот во регионот

Хил на средба со Порфириј – СПЦ има значајна улогоа во дијалогот и мирот во регионот

439
0

Новиот американски амбасадор во Србија, Кристофер Хил имал средба со српскиот патријарх Порфириј во патријаршиската резиденција во Белград.

На средбата бил присутиен и Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј, како член на Синодот на СПЦ, а со Хил бил политичкиот советни на Амбасадата на САД во Белград, Мајкал Келехар.

Главната тема на разговор била ситуациијата на Косово, каде пред неколку дена во посета беше Српскиот патријарх Порфириј. Особено била потенцирана улогата на СПЦ во процесот на воспоставување на дијалог и нејзината значајна улога во регионот.

-Нагласени е дека денес дијалогот и мирот се најважни и најпотребни сегде и на секое место, а посебно во Украина. Патријархот гоистакна значењето и улогата на Српската Православна Црква меѓу српскиот народи, како во земјата така и во регионот, пишува во соопштението на СПЦ.

Кристофер Хил беше амбасадор на САД во Македонија, а воедно и голем пријател на Македонија. Средбата се случува во период кога МПЦ и СПЦ повторно седнуваат на заедничка маса и пред претстојниот Собор на СПЦ закажан за 15 мај оваа година. Епископот Фотиј, како што објави религија.мк, завчера изрази оптимизам дека МПЦ-ОА на овој собор ќе се врати во канонско единство.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *