Почетна Анализа Горди владици, понижена црква
Горди владици, понижена црква

Горди владици, понижена црква

1.48K
6

Српската православна црква продолжува со тактичкото омаловажување на МПЦ-ОА и нејзините архиереи, а македонските владици се уште молчат. Иако јавно демоснтрира некакво единство, канејќи владици на  МПЦ-ОА на настани на кои заедничко сослужуваат, сепак суптилно во низа врши проковакции.

Последниот од неколкуте такви настани е настанот што се случи викенодов во Нови Сад – Србија, каде СПЦ ги канонизираше Светите Бачки Маченици и го прогласи за Светец Иринеј Ќириќ, поранешен Бачки епископ за време на Втората Светска Војна.

Таму беа и тројца владици на МПЦ-ОА, Владиците Петар, Тимотеј и Агатангел. Но ако се види соопштението на Српската Православна Црква тогаш на настанаот учествувале четворица владици на МПЦ-ОА. Кој е четвртиот? Според СПЦ тоа е Брегалничкиот Марко. МПЦ има Брегалнички митрополит и се вика Иларион и не беше на настанот во Нови Сад.  А Епископот Брегалнички Марко е епископ на ПОА, на Јован Вранишковски.

-На Светата архиерејска Литургија, што ја служеше Светиот Патријарх српски, му сослужуваа, Митрополитот Аркадијски г. Василије од Антиохиската Патријаршија, Митрополитот будимпештански и маџарски г. Иларион од Руската Православна Црква, Архиепископот охридски и Митропполит скопски г. Јован, Митрополитот крфски г. Нектариј од Грчката Црква, Архиепископот михаловско-кошички г. Георгиј од Православната цркква на Чешка и Словачка, митрополитот австралиско-новозеландски и администратор преспанско-пелагониски г. Петар, дебарко-кичевски г. Тимотеј, повардарски г. Агатангел и брегалнички Марко од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пишува во соопштението на СПЦ.

Кога Митрополитот Брегалнички Иларин е сменет и на негово место е поставен Марко од ПОА, од МПЦ-ОА нема одговор.

Иако македонските архиереи многу лесно пронаоѓаат „злобни и неедуцирани новинари и аналитичари во Македонија“, и за тоа јавно регаираат преку став на Синодот, за ваквите провокации од српската црква упорно молчат.

Тезата дека можеби станува грешека е еднаква на небулозна, затоа што портпаролот на СПЦ, Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ воопшто не е наивен и неедуциран за да не знае што пишува.

Проблемот со двојната црковна ерархија на теритотијата на Македонија, очигледно станува многу посериозен проблем од тоа што во мај месец се најавуваше како „техничко прашање“ од двајцата владици на МПЦ-ОА, кои ги водеа преговорите со СПЦ. Одлагањето на МПЦ-ОА да најде решение како да ја инкорпорира ПОА во редовите на МПЦ-ОА, очигледно и остава простор на СПЦ таа го најде решението. Дали ова е едно од можните сценарија е прашање на Синодот на МПЦ-ОА.

Дополнително на настанот во Нови Сад за прв пат по 20 години се случи тројцата владици на МПЦ-ОА да сослужуваат со Јован, кој таму беше со титулата Архиепископ Охридски. Ако во мај, кога се служеа литургиите за помирување, условот на МПЦ-ОА беше Јован да не учествува во литургиите, и тоа беше испочитувано од страна на СПЦ, со негово присуство во олтарот, сега се чини дека МПЦ се помирила со легитимитетот на Јован како Архиепископ Охридски.

И за да целокупната приказна има совршено сценарио се погрижи лично домаќинот, Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ во неговиот говор по литургијата, од кој Јован Вранишковски ги собра сите заслуги за решавањето на црковниот спор во Македонија.

-И нашите браќа, пред се Архиепископот Јован, кој толку пострада за единството на црквата, но и нашите браќа, сега од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, кои благодарение на Господа, се сега повторно, со својот труд и смирение, пред се благорарејќи на Светиот Дух, во полно канонско и литургиско единство, не само со нашата помесна Црква, туку и со сите Божји цркви во светот, изјави епсикопот Иринеј.

П.С. Владиците на МПЦ-ОА, на следната синодска седница би било добро, наместо да етикетираат новинари и аналитичари, да срочат едно писмо до СПЦ и да прашаат кога СПЦ има намера да го промени Уставот и од него да ги избреше епархиите во Македонија како нејзина канонска јуриздикција. Ако веќе дале Томос за автокефалност, редно е и тоа да го преточат во сопствените документи.

Марјан Николовски

Коментар(6)

  1. Priznavanje to na MPC i Ukrainskata crkva e izdejstvuvano pod pritisok na Brisel (EU) pa i na Estonskata crkva. Taka da dobro e kako e. Po koja logika SPC treba da se distancira od Srbite koi živeat vo S. Makedonija ta da gi ukine eparhiite? Nemaat li pravo Srbite na svoja crkva vo S. Makedonija?

  2. Господине Уредник, каде е Томосот на МПЦ од Цариградската Патријаршија за која имаш само “хвалоспеви“ ?
    Од СПЦ, го има, а од ЦП?

    1. Да, криза е ,оскудација , нема хартија, поготово кога Амерот диктира! 😁

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *