Германските власти одбија да издадат шенгенска виза на доцентот од Московската духовна академија, архимандрит Симеон (Томачински), оценувајќи го како закана за безбедноста, пишува Life.ru. Причината е припадноста на свештеникот кон Руската православна црква, која во Германија се перципира како „непријателска организација“.
Архим. Симеон раскажа дека го добил следниот одговор: „Една или повеќе земји членки сметаат дека Вие претставувате закана за јавниот ред или внатрешната безбедност.“
„Кога побарав објаснување од службеник во конзулатот, ми беше одговорено дека припаѓам на непријателска организација. На моето прашање: ‘Дали Руската православна црква е непријателска организација?’, добив потврден одговор“, напиша отец Симеон на својот Telegram канал.
Свештеникот бил официјално поканет од претставници на Руската православна црква во странство на Конгресот на православната младина во Германија, во Келн, кој се одржува веќе многу години и на кој редовно присуствувале свештеници од Русија. Сите документи, вклучително и официјални покани на германски јазик од германски државјани и купени билети, биле доставени во конзулатот.
Случајот со архимандрит Симеон (Томачински) не изгледа изолиран во контекст на сè почестите ограничувања против јавни и црковни личности поврзани со Русија. Да потсетиме, неодамна и српската аналитичарка Драгана Трифковиќ доби забрана за влез во земјите од Шенген-зоната. Иако двата случаи се различни, тие укажуваат на сè построгиот пристап на европските држави кон јавни личности кои се перципираат како поврзани со руско влијание и идеолошка пропаганда во општествената, политичката или религиозната сфера.
Во контекст на војната во Украина и постепеното заострување на визниот режим за руските граѓани, случајот со архимандрит Симеон (Томачински) се вклопува во пошироката политика на европските држави за засилен надзор и проверки на лица кои се сметаат за поврзани со руско влијание. По 2022 година, Европската унија го суспендираше договорот за олеснет визни режим со Русија, а земјите членки добија право на построг индивидуален надзор при издавање шенгенски визи, вклучително и во случаи на сомневање за ризик по јавниот ред и безбедноста.

Па, не верувам дека одлуката на германските власти е толку лефтерна и дека се обраќа кон овој руски архимандрит просто како кон клирик на Руската Православна Црква. Архимандритот Симеон Томачински меѓу другото е блескав претставник на т. н. ерудитско богословие. Неговите комплексни анализи на теми од развојната теологија на Римокатоличката црква се исклучително луцидни, длабински и моќни. Во нив нема никаква проста вулгарност и голо неаргументирано негирање на римокатолицизмот, никакво настојување да се одбранат православните стојалишта, но има продорен пристап до западниот менталитет кој лесно може да го разбуди сомнежот во потеклото и одржливоста на вековно прифаќаните догми и да – во таа смисла да биде закана за “јавниот поредок”!
Доволно е да ја прочитате неговата кратка анализа на улогата на “Божествената комедија” на Данте Алигиери во усвојувањето на догмата за чистилиштето на Фераро-Флорентинскиот собор за да ја сфатите моќта на неговата мисла во очите на грмаснкиот естаблишмент (иако нема директна историска врска, Данте Алигиери се смета за своевиден патрон на минхенска Баварија, т. е. преставува култен лик кој е вграден во нејзиното културно наследство на неколку начини. Иако нема непосредна врска со Баварија, неговиот личен политички живот се темели на поентите од битката меѓу баварски вкоренетата
Welf (Guelf) фамилија и швабската Hohenstaufen (Ghibellines). Како флорентински Бел Guelph Данте бил фатен како ги италијанизира факциите на германската империјална политика која никнала од конфликтот меѓу семејствата Welfen ии Waiblingen. Баварските Welfen го поддржувале папскиот политички примат, додека Гибелините стоеле зад првенството на Светиот Римски император. Оваа тензија родена во Германија го обликувала политичкиот амбиент во Флоренца кој довел до прогонство на Данте.
Вековно усвоениот европски историско-цивилизациски комплекс не е ни најмалку рамнодушен на доведување во прашање на неговите величини (од калибарот на Данте на пример), така што предизвикувачите на таа европска тврдина секогаш се доживувале како закана за нејзината безбедност. Архимандритот Симеон Томачински не е никаков исклучок, се разбира.