Покрај убедливата победа (0-3) на натпреварot во Лондон меѓу Челси и Пари Сен Жермен, во рамките на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, натпреварот беше обележан и со силна емоција по повод упокојувањето на Патријархот на Грузија, блаженоупокоениот Илија.
Грузискиот репрезентативец и ѕвезда на францускиот тим, Квича Кварацкелија, веднаш по постигнатиот гол го прослави моментот со подигнати раце кон небото и правење на крстен знак. Со тоа, тој симболично го посвети погодокот на духовниот пастир на Грузија.
По натпреварот, Кварацкелија – кој беше прогласен за играч на натпреварот – се осврна на својот гест. Најпрво им се извини на своите сонародници што при прославата накратко се лизнал на колена, а потоа со длабока емоција зборуваше за починатиот Патријарх, нагласувајќи дека неговата загуба е тешка за целиот грузиски народ.
/crkovenzurnal.mk

